Воспитување

„Фејсбук“ ќе креира „Инстаграм“ за деца?

Единствените две „организации“ што го користат терминот „корисници“ за своите потрошувачи и членови – се наркомафијата и индустријата на софтвери. Поранешните членови на менаџментот на „Гугл“, „Фејсбук“, „Пинтерест“ не им дозволуваат на своите деца да ги користат мобилните во овие цели.

И кој не го гледал документарецот „Социјална дилема“, знае нешто за замките на социјалните медиуми. А кој го гледал овој документарец во кој некои од главните архитекти на социјалните мрежи говорат за тоа каков вид зависност создаваат, бурно негодува на веста дека „Фејсбук“ планира да создаде „Инстаграм“ за деца помлади од 13 години, Марк Зукерберг и овој пат крена голема прашина во јавноста, толку голема што се ангажираа американски обвинители со намера да го спречат да ги спроведе плановите во дело. На шефот и творецот на „Фејсбук“ тие му упатија писмо во кое повлекуваат дека користењето на социјалните медиуми може да биде штетно за здравјето и благосостојбата на децата кои не се научени да се снаоѓаат во предизвиците од социјалните мрежи. Поентата на нивното обраќање е – ниту им е место на децата на социјална мрежа каква што е „Инстаграм“, ниту „Фејсбук“ таму ќе ги заштити.

Покрај 4о-ина обвинители, писмото го потпишале и адвокати, кои веројатно на овој начин даваат до знаење дека се подготвени и дека користејќи ги сите правни средства, му се спротивставуваат на Зукерберг. Американските обвинители, а ги има од Њујорк, Тексас, Калифорнија, Небраска, Охајо и Јута, забележуваат дека „Фејсбук“ не служи за да ги подмири потребите на луѓето, туку ги создава потребите – бидејќи оваа платформа првенствено им се обраќа на децата кои инаку немаат или воопшто не би имале профили на „Инстаграм“, па некому од оваа компанија му се јавила идеја да ги вовлече во овој свет.


За креирањето потреби на корисниците од страна на социјалните медиуми и создавањето зависности, токму во „Социјална дилема“ говорат оние што побегнале од оваа индустрија откако своеволно се вклучиле во создавање на „Гугл“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“. Тие социјални мрежи се споредуваат со која било друга зависност. Во документарниот филм говорат поранешниот дизајнер во „Гугл“, Тристан Херис, кој со Аз Раскин го основал Центарот за хумана технологија, творецот на познатата опција „Лајк“ на „Фејсбук“, Џастин Розенстајн, поранешниот директор на „Пинтерест“, Тим Кендал, и пионерот на виртуелната реалност Џерон Лениер. Тие објаснуваат на кој начин овие компании ги експлоатираат сопствените корисници заради финансиска придобивка. Појаснуваат како се дизајнирани мрежите за да ги вовлекуваат луѓето толку да создаваат зависност со влијание врз менталното здравје. Темата е и употреба на такви услови во политички цели и јасно – ширење теории на заговор. Тие признаваат дека ги изгасиле профилите на социјалните мрежи откако побегнале од оваа машинерија или максимално ја ограничиле нивната употреба. На своите деца не им дозволуваат да ги користат телефоните за тие цели. Откако Џеф орловски дал зелено светло на „Нетфликс“ да го емитува неговиот документарец, добар дел од оние што го гледале трајно ги исклучиле своите профили на социјалните мрежи. Можно е меѓу нив да се и обвинителите и адвокатите, но и членовите на кампањата „За детство без реклами“, кои мислат дека прашањето за вмешување на децата во инстаграм-светот не треба да создава дилема, и на кои веќе им е јасно дека на децата таму не им е место. Тие, како и поранешните програмери на светските информатички компании во документарецот, веруваат дека интернетот и така веќе отишол предалеку. Тврдењата ги поткрепуваат фактите дека „Фејсбук“ во минатото не успеал да ги заштити интересите на децата на своите платформи.

Во писмото навеле дека извештаите на медиумите од 2019 година укажале дека апликацијата „Месенџер кидс“, за возраст од 6 до 12 години, има важна грешка во дизајнот која им овозможува на децата да ги заобиколат ограничувањата на мрежните интеракции и да се приклучат на групи за допишување со непознати лица, а за тоа претходно да не добијат одобрување од родителите. Затоа Здружението за заштита на деца од насилство спровело студија која открива дека педофилите се сè почести на социјалните мрежи и дека најмногу го користат „Инстаграм“ за да намамат деца. Наведуваат дека полицијата во Англија и Велс во период од половина година забележала и до 2.000 инциденти со сексуална конотација кои вклучуваат деца, а за што бил користен „Инстаграм“ во 32 отсто од случаите, потоа „Фејсбук“ 23 отсто и „Снепчет“ 14 отсто. Ова здружение, по објавената студија, барало во новиот закон за социјалните мрежи да се заштитат децата.

А од управата на компанијата „Инстаграм“ наведуваат дека се возбудени бидејќи планираат да развијат детска верзија од апликацијата. Овој проект го сметаат за важен за младината, па го ставиле на листата со приоритети. Велат дека ќе се фокусираат на две важни работи, а тоа се приватноста, за да се обезбеди најсигурното можно искуство за тинејџерите, и креирањето верзија која ќе обезбеди безбедно користење на апликацијата на младите од 13 години, на кои моментално им е забранет пристапот. Интересно е дека ова интерно соопштение доаѓа по два дена откако „Инстаграм“ призна дека мора да направи повеќе за да ги заштити најмладите корисници. Детската верзија ќе ја содржи задолжителната проверка на возраста на корисникот и родителски надзор.

Но, нивните опоненти тврдат дека оваа верзија, ако заживее, ќе го поткопа здравиот развој на децата. Некои од соговорниците од документарецот „Социјална дилема“ забележале дека единствените две „организации“ што го користат терминот „корисници“ за своите купувачи и членови се наркомафијата и индустријата на софтвери.

Автор: Лилјана Вујиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top