Редакциите на порталите Факултети.мк и Деца.мк објавуваат оглас за новинари-дописници од цела Македонија кои ќе бидат ангажирани за пишување текстови и истражувања.
Огласот се однесува само на новинари-дописници од внатрешноста.
Потребно е кандидатите да имаат работно искуство во медиуми.
Огласот е отворен до 15 јануари 2020 година. Сите заинтересирани може да испратат свои биографии на е-пошта: redakcija@fakulteti.mk со назнака „за новинар–дописник за Факултети.мк“ и со назнака „за новинар-дописник за Деца.мк“.
Повеќе информации во врска со огласот може да се добијат на е-пошта redakcija@fakulteti.mk со назнака „инфо за оглас за дописници“.
Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе влезат во потесен избор.



912

X