Здравје

Епидемија на жолтица во скопската населба Даме Груев

Епидемија на жолтица е прогласена во населбата Даме Груев во Општина Ѓорче Петров – Скопје.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) извршил вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки.

Вирусот на жолтица го има во фекалиите и долго време, и по неколку дена, опстојува во надворешна средина. Така, на пример, од квака на врата на која го има може да се разболат повеќе луѓе.
Инкубацијата, односно времето што поминува од моментот на влегување на вирусот во организмот до појавата на првите симптоми на болеста е од 15 до 50 дена (најчесто околу 30 дена).

Симптоми на болеста се: покачена телесна температура, слабост, губење на апетитот, гадење и повраќање, а понекогаш и пролив. Може да се јави болка под десниот ребрен лак, а по неколку дена од појавата на првите симптоми се забележува темна урина (боја на пиво), измет со светла боја и појава на пожолтување на кожата и белките на очите.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top