Уште во стомакот бебињата ги доживуваат сите мајчини чувства, докажале многу истражувања. А откако ќе го погледнат светот, првите емоции што ги изразуваат се реакција на задоволство или незадоволство. Бебињата ги изразуваат позитивните емоционални состојби со насмевка, гугање и внимателно гледање, а непријатните емоционални состојби со плачење, муртење и израз на гадење.

До крајот на 6. месец од животот, детето почнува да ги изразува сите 4 примарни емоции, а тоа се лутина, страв, радост и тага, па ги препознава основните емоционални состојби на мајката и на другите блиски личности. Во 7. месец бебето го поврзува тонот на гласот и изразот на лицето за разбирање на основната емоционална состојба на возрасното лице, помеѓу 8. и 9. месец свесно ги бара податоците за емоционалната состојба на мајката, како основа за сопственото однесување и сопствените емоционални реакции.

За да се поткрепи овој преглед на емоционален развој, погледнете го следното видео. Мајка му пее на своето 10-месечно бебе, кое на мајчината емоција изразена преку пеење реагира со солзи. Бебето истовремено се смее и плаче, но плаче од сочувство за мајчината емоција изразена со пеење.

Извор



912

X