Веројатно многу пати сте кажале или сте помислиле: „Да го знаев порано ова што го знам сега“.

Ова се однесува и на личен и на професионален план. Но, се однесува и на емоционалниот багаж од детската траума.

Работата е што дури и да знаете дека она што сте го доживеале како дете ќе има длабоко, долгорочно влијание врз вашето ментално здравје, што би можеле да направите?

Сте биле дете и сте направиле најдобро што сте знаеле. Немојте да бидете толку строги кон себе.

Експертите од веб-страницата „Your Tango“ споделуваат за што луѓето најчесто се жалат на тераписките сесии за периодот кога биле деца.

Вистинското влијание на родителите кои ги запоставуваат своите деца

Старото верување било дека децата треба да бидат видени, но не и слушнати. Вербалното или емоционалното изразување не било добредојдено, а понекогаш било и казнувано.

Најголемата штета направиле родителите кои не биле вклучени и не покажале особен интерес за своето дете или не изразиле љубов кон детето и биле емоционално недостапни.

Запоставувањето и непочитувањето довеле до чувство на срам, безвредност и чувство дека детето не е доволно добро. Затоа, кога детето ќе порасне, не е во можност да се ослободи од спомените од детството.

Прерано растење – „родителско“ дете

Ова е дете кое се соочувало со зголемена одговорност за преземање на секојдневните задачи во семејството. Често тоа се обврски кои во другите семејства ги извршуваат родителите, па оттука и терминот „родителско“ дете.

Ова оди многу подалеку од рутинските домашни работи кои можат да му бидат од помош на детето во создавањето чувство на ефикасност.

Ова е ниво на одговорност што е преголемо затоа што детето не чувствува дека има избор, бидејќи родителите бараат од него да прави работи што не се во согласност со неговите способности.

Така, овие одговорности создаваат внатрешен немир и стрес кај детето, што доведува до незадоволство кога ќе порасне.

Родители кои ги навеле децата да веруваат дека не се доволно добри

Децата чии родители веруваат дека не се доволно добри за нешто растат со ова верување и кога се возрасни го мислат истото. Ова може да варира, од мајка која го критикува проектот на нејзиното мало дете до татко кој е критичен по природа или ги префрла своите фрустрации врз децата. Многу пати на терапија се слушаат речениците: „Не знам да пишувам. Мајка ми секогаш ми велеше така“, или: „Мојот татко ми рече да не се занимава со ова затоа што нема пари во тоа“.

Ако родителот остави впечаток дека детето не може да направи нешто само со тоа што нонстоп му помага, детето нема да научи како да се подобри и како да ги поправи грешките, како да комуницира и да се залага за себе. Ова може да доведе до сомневање во себе или конфузија за тоа кое е детето и што сака во животот.

Извор



912

X