Во 2018 година, децата растат во свет во кој доминираат ајпади, ајфони, компјутерски екрани и телевизори, но сега најново истражување укажува дека тие буквално влијаат врз структурата на нивниот мозокот.

Според новиот извештај, истражувачката студија спроведена од Националниот институт за здравство од САД откри дека скеновите на мозокот на 4.500 деца покажаа различни шеми во зависност од тоа колку време биле изложени пред екран на дневно ниво.

Истражувањето ги испитувало скеновите на мозокот на 11.000 деветгодишни и десетгодишни деца во период од 10 години и открило што всушност екраните му прават на мозокот на децата.

Додека првите конкретни податоци допрва треба да се објават, истражувачите веќе пронашле шеми во скеновите на децата што поминувале повеќе од седум часа пред екран. Овие скенирања на мозокот покажуваат разредување на кортексот – надворешниот слој на нервните ткива – одговорен за обработка на информации од секое од петте сетила.

-Не знаеме дали тоа е предизвикано од времето поминато на екранот – вели Гаја Доулинг, еден од научниците што работеле на истражувањето. Исто така, таа вели дека тие не знаат дали е лоша работа, посочувајќи дека е премногу рано да се извлечат заклучоци од прелиминарни податоци.

Сепак, важно е да се напомене дека истражувачите откриле дека децата што се изложени повеќе од два часа на екран постигнале пониски оцени за размислување и јазични тестови.

Една од целите на ова амбициозно истражување е конечно да најде одговор на вековното прашање: дали екраните предизвикуваат зависност?

– Не само што ќе можеме да видиме колку време поминуваат, како изгледаат и како тоа им влијае, туку можеме да ги видиме и последиците – вели Доулинг.



912

X