Воспитување

Едно нешто што треба да го направат родителите за децата да не мислат дека имаат право на сѐ

Забавен факт за мене: поминав едно лето по панедмијата на ковид-19 работејќи во (прилично скап) летен камп. Бев подготвена децата да бидат деца, но едно нешто што ме шокираше беше бројот на изливи на бес и тантруми кои ги имаше секогаш кога некој ќе изгубеше во игра на табла или која било друга активност. Ситуацијата стигна до точка каде што кампот всушност повика детски психолог за да помогне во справувањето со проблемот (како што реков, тоа беше прилично „фенси“ камп). Таа ни објасни дека за време на пандемските заклучувања, исцрпените родители им дозволиле на своите деца да имаат сè, од игри на табла до расправии, па сега тие едноставно не знаат како да изгубат – чувствуваат дека имаат право да победуваат.

Добронамерните родители можат да паднат во обрасци кои на крајот водат до деца кои си земаат многу за право. Клиничкиот психолог д-р Беки го објаснува сето тоа.

-Правото е страв од фрустрација. Земањето за право е акумулирано искуство да се чувствуваш фрустрирано, а потоа некој друг да ти даде моментален успех – вели таа.

Д-р Беки се присетила на еден нејзин поранешен пациент, 16-годишно момче кое имало излив на бес во бањата на аеродромот кога дознало дека нема да лета во прва класа.

-Знам дека ова е кошмар на секој родител и сите се прашуваат како се создава такво дете. Но, тука е поентата, тие беа навистина добронамерни родители, а ова всушност беше навистина фино дете.

Таа објаснила дека откако разговарала со момчето и неговите родители, можела да ги види точните модели во неговото детство што довеле до неговиот тинејџерски став.

-Секогаш кога ова дете се чувствуваше фрустрирано кога беше помладо, имаше брза рампа за излез. И како резултат на тоа, ова дете научи да не се плаши од својата фрустрација бидејќи согледа дека сите други работат толку напорно за да го направат среќен и така, на 16-годишна возраст, тој навистина немаше подобри вештини за справување со фрустрацијата отколку кога имал 2 години – објаснува д-р Беки.

Родителите треба да ги научат своите деца како да ја толерираат фрустрацијата наместо да се трудат максимално да ја снема, додава таа.

-Децата ја следат шемата на која се навикнале, а ние треба да бидеме свесни за тоа какви шеми се формираат – заклучува д-р Беки.

Тоа беше исцрпувачко лето, на кампот, обидувајќи се повторно да ги научам децата како да губат – и можам само да замислам колку мора да биде заморно за родителите кои не можат да се откажат од воспитувањето на своите деца. Учењето како да се справите со фрустрацијата е животна вештина, а вашите деца веројатно никогаш нема да ви се заблагодарат што сте ги научиле, но сепак таа ќе ги подготви за успех.

Автор: Меган Лакрета

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top