Родителството е навистина тешко и не постои еден правилен начин за воспитување на децата. Она што функционира за една мајка, еден татко или едно дете, не мора да биде прифатливо за друго семејство. Сепак, една неодамнешна студија објавена во „Medical Journal Epidemiology and Psychiatric Sciences“ посочува дека еден посебен стил на родителство може да ги изложи децата на поголем ризик од проблеми со менталното здравје.

Утврдено е дека стиловите што вклучуваат строга дисциплина и прекумерна контрола, познати како „непријателско“ или „агресивно“ родителство, речиси двојно го зголемуваат ризикот децата да развијат ментални здравствени проблеми, според истражувањето во Ирска и Велика Британија.

Студијата следела 7.500 деца на возраст од 9 месеци до 9 години. Децата што биле изложени на „непријателско“ родителство на 3-годишна возраст имале 1,5 пат поголема веројатност да бидат изложени на висок ризик од развој на проблеми со менталното здравје на 9-годишна возраст.

Децата од побогати средини имале помала веројатност да покажат симптоми на ментални проблеми, додека децата со еден родител биле изложени на поголем ризик од проблеми. Исто така, женските деца почесто биле во високоризичната група.

Што е „непријателско“ родителство?

„Непријателското“ родителство е агресивен родителски стил, или во физичка или во вербална смисла, или пак комбинација од двете. Родителите често го применуваат поради незнаење, лоши искуства, стрес или безнадежност, веројатно поради сопствена ситуација. Овој тип на родителство би можел да се нарече и авторитарно родителство. Накратко, родителот има свој пристап и детето не може да разговара со него, а грешките често доведуваат до казнување. Децата кои се воспитувани на овој начин имаат повисоко ниво на агресија и може да се побунат против авторитети додека растат.

Извор



912

X