Анорексија е нарушување кое до неодамна беше карактеристично за тинејџерите, особено за девојчињата, иако не ги исклучува машките. Но еден настан во светот го смени фокусот и покажа дека и децата во градинка можат да заболат од анорексија.
Мајката на девојчето Софи, на кое му е дијагностицирана анорексија, а која инаку е универзитетски професор и не сака да го открие својот вистински идентитет, вели:
„Таа беше слаба, но не изгледаше како скелет. Се жалеше дека има вртоглавици, осетлива кожа, а подоцна дознавме и дека ја повраќала храната во училиште.
Потоа се сеќавам дека една вечер пред спиење ми рече: ‘Мамо, имам проблем, постојано сум гладна, но не можам да јадам, еден глас во главата ми кажува да не јадам’.
На систематскиот преглед во прво одделениe кај Софи е забележано дека цела година не се поправила ниту грам.

Анорексијата е хронично нарушување за кое не се познати причините. Многу е ретко кај мали деца, но бројот на хоспитализирани деца заболени од анорексија во последно време е во пораст.
Истражувањата покажуваат дека од 56 до 70% од заболените имале некој член на семејството што во минатото се соочувал со овој проблем, што упатува на фактот дека анорексијата е наследна.
Софи е посвоена, па така не може да се заклучи дали кај неа влијаел наследниот фактор.
Мајката вели дека сè започнало кога наставничката на класот на Софи им рекла на децата дека мораат да се хранат здраво „а таа е детенце кое сè сфаќа буквално и е голем перфекционист“.
Причините за анорексија не можеме да ги бараме во медиумите, ниту кај родителите. Вакви случаи се забележани и кај деца што живеат на фарма, дома се образоваат и немаат контакт со медиуми. Оваа нарушување, и да сака некој, не може да го предизвика.
Значи, нема виновник кој директно може да се обвини. Психолозите велат дека разликата помеѓу децата и тинејџерите што патат од оваа болест е во тоа што тинејџерите знаат зошто го прават тоа. Тие не сакаат да јадат за да не се здебелат, но децата не знаат зошто одбиваат храна, дете од 10 години не може да смисли план за исхрана.
„Клучен дел од лекувањето е да се вратат килограмите. Неухранетоста влијае врз секој орган, дури и врз мозокот“, велат психолозите.

Семејството не е дел од причината за проблемот, но е дел од решението на проблемот. Детето никако не смее да се остави во таква состојба, туку веднаш мора да се побара и психолошка помош. Исклучително е важно рано да се дијагностицира состојбата.



912

X