Додека повеќето земји бараат бремените жени да се воздржат од пиење алкохол во текот на бременоста, сепак, постојат жени кои и понатаму го прават тоа. Но, едно ново истражување спроведено од професорот Питер Хепер од Кралскиот универзитет во Белфаст вели дека ова не е во ред, и дека дури и половина чаша вино може да предизвика фетусот да престане да дише и да се движи цели два часа. Бебињата не дишат во матката; барем не со вдишување на воздухот како што дишат по породувањето. Наместо тоа, кислородот патува низ белите дробови, срцето, матката и плацентата на мајката, и конечно се пробива низ папочната врвца и оди во фетусот.  Но овој процес популарно е наречен дишење.

Патеката по која кислородот мора да патува за да стигне од надворешниот свет во фетусот е долга и сложена. Во кој било момент по оваа патека, работите може да тргнат наопаку, но повредите при раѓање најчесто се предизвикани од прекини што ги вклучуваат матка, плацентата и папочната врвца. Сепак, со брза и соодветна медицинска интервенција, често може да се избегне сериозно оштетување на мајката и /или бебето.

– Ако жените се напијат дури и половина чаша алкохол, дишењето и движењето на бебето може да застанат во период од два часа. Ова не е нормално, бебето треба постојано да биде активно – вели тој.

Истражувањето на Хепер, кое е прво од ваков вид во Велика Британија, ги разгледало ефектите од изложеноста на ниско ниво на алкохол во текот на бременоста преку скенирања кај жените што во просек пиеле околу 200 мл вино неделно. Во текот на овие скенирања тој забележал дека фетусите престанувале да се движат и да дишат, понекогаш и до два часа, а потоа одеднаш скокнувале и се превртувале. Тој вели дека ова индицира дека мозокот на бебето не се развива како што треба.

– Единственото ниво на алкохол безбедно за бебето е нула – вели тој.

Хепер не е единствениот научник што мисли вака. И д-р Мери Метер, консултант-педијатар, смета дека бремените жени се „лишени“ од точни информации за опасностите што консумирањето алкохол може да ги предизвика кај нивните бебиња.

– Алкохолот е отров, токсичен е за ткивото што се развива. Ова е нешто што лекарите го нарекуваат тератоген. Најпознат тератоген е „талидомид“. Спаѓа во иста категорија како дрогата – вели д-р Мери.

„Талидомид“ бил лек за утринска мачнина што им се препишувал на жените во 50-тите и 60-тите години. Илјадници деца што биле изложени на лекот завршиле со сериозни дефекти при раѓање, вклучувајќи и фокомелија (нарушување што се карактеризира со недостиг на делови на раката или ногата), вродени срцеви заболувања, малформации на внатрешното и надворешното уво и окуларни абнормалности. Бил забранет во повеќето земји до 1961 година.

Но, проблемот со алкохолот во текот на бременоста е што некои лекари и земји сè уште не ја осудуваат и забрануваат неговата употреба. И ова става во опасност илјадници бебиња за голем број дефекти, вклучувајќи вродени срцеви заболувања, фетален алкохолен синдром, оштетување на мозокот, мала тежина при раѓање и многу други болести.

Ова е причината зошто се потребни повеќе истражувања како ова.

Извор



912

X