Воспитување

„Драги мои, сакам да ме видите“

Како сопруга и мајка, некогаш се чувствувам како никој да не ме гледа. Се разбира, тука сум кога се будат и кога одат в кревет, но сето тоа ми изгледа како роботска активност. Јас сум таа што прави појадок и ги вози децата на училиште. Ручеците се спакувани и шишињата со вода се спремни. Не мислам дека ме сфаќаат здраво за готово, но не знам дали имаат поим колку всушност правам за нив.

Моето семејство е љубовта на мојот живот. Не знам што би правела без нив. И затоа, сè што правам правам за нив. Би сакала да се свесни за тоа. Ја чистам кујната, обезбедувам хартија за да се избришат ако истурат нешто, тоалетите постојано ги чистам, ги мијам садовите итн.

Не го правам сето тоа за некакво признание. Но, има дефинирана причина што ги правам сите активности во домот. Сето тоа е за да се осигурам дека членовите на семејството се згрижени. Тоа е акт на љубов. Ако тие активности постојано се неценети, тогаш боли.

Ако грижата за малите нешта поминува незабележано, почнуваме да мислиме дека нашата работа е залудна.

Ако не го ценат тоа што го правите за нив, тогаш зошто го правите? Грижата за повеќе луѓе во денот е најтешката работа што ја имаме како мајки. Кога на работа ќе постигнете нешто, обично тоа се препознава и се валидизира. Но, дома, изгледа дека никој не обрнува внимание на она што го правите за семејството.

Можеби едноставно нашите семејства се навистина несвесни за сето она што го правиме. Можеби треба да воведеме промена и да им дадеме до знаење колку тешка работа завршуваме. Не мора тоа да биде здодевна лекција за нашата љубов и жртва. Туку можеби треба да им доделиме некоја активност и задача.

Распоред за пуштање на машината за децата, да им покажеме како треба да ги здиплат алиштата итн.

Тоа е она што мајките го сакаат – да бидат видени од семејството, да значат повеќе од „слугинки“, „готвачки“.

Да знаат дека ние сме лепилото што го држи семејството заедно. Мајките ве перат, ви подготвуваат оброци, се грижат за вас кога сте болни. Мајките се вистински суперхерои. Понекогаш треба да бидат потсетени на тоа. Едноставно да се почувствуваат забележани.

Не сакам „благодарам“ само колку да се каже. Сакам да се понуди некој да ги однесе децата на училиште за јас да имам неколку минути за себе. Да ми понуди прегратка по принесен зготвен, вкусен оброк, или да се понуди да ја исчисти кујната. Тоа значи вистинско „благодарам“.

На крајот од денот, ние никогаш нема да престанеме да се грижиме, да ги сакаме нашите семејства. Благословени сме со нив со причина. Универзумот одлучил дека треба да бидеме мајки и ние даваме сè од себе за да бидеме добри во тоа и ќе продолжиме така до крајот на животот. Но, драги семејства, знајте дека сакаме да бидеме забележани.

Сакаме да знаеме дека сме ценети и сакани. Благодарноста може да значи многу. Не преку зборови, туку преку возвраќање на актот на љубовта со акт на љубов. Навистина е толку едноставно.

Автор: Колин Дитли Томас

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top