Еве едно сценарио со кое повеќето родители можат да се поврзат:

Пред некој ден се вратив дома откако го однесов мојот син на училиште. Имав милион работи кои требаше да ги завршам. Одеднаш, добивам порака од син ми дека го заборавил својот „ајпад“ во кујната и дека му треба што побрзо.

Што треба да направи добар родител во оваа ситуација?

Треба да кажам „не“ и да го оставам да си ја научи лекцијата, но ме убива тоа што може да добие единица затоа што таа задача која требало да ја заврши (а ја завршил) има рок до денешен ден и е токму на неговиот „ајпад“. Си мислам: „Ова е средно училиште! Ако добие единица, тоа ќе влијае врз неговиот успех. Тој нема да може да се запише на факултет“. Следното нешто на кое се сеќавам е дека креирав иднина за мојот син во умот, замислувајќи го како бездомник на улица.

Потоа, почнав да размислувам за тоа како таа „совршена мајка“ би му го однела неговиот „ајпад“, или уште подобро, ќе го забележела како седи таму во кујната и не би му дозволила на нејзиниот син да замине без него. Би требало да бидам повеќе како неа. СИТЕ треба да бидеме повеќе како неа, нели?

Но, чекајте, има уште! Ако не му го донесам неговиот „ајпад“, тој може да се чувствува како да не се грижам за него и да развие длабок гнев кон мене, кој ќе се генерализира кон сите жени и тоа ќе влијае врз неговите односи во иднина. Да, сето тоа само затоа што го остави својот „ајпад“ дома на овој кобен ден.

Можете ли да се поврзете со оваа борба, мајки и татковци?

Па, она што требаше да го препознам во тој момент е дека сите времиња кога го спасував во минатото (и мислев дека му помагам), само го повредував. Му ја одземав можноста да научи нешто – преку вистинските последици од неговите постапки (или недејства).

Како модерни родители, ние ги „заштитуваме“ нашите деца со тоа што не бележиме резултати во игрите и го прогласуваме секое дете за победник. Разбирам дека присилувањето на ултраконкурентноста на млада возраст е исто така штетно, но прогласувањето на сите за победници оди во малку нездрава насока.

На крајот ги учиме децата дека не мора да работат напорно затоа што сите се наградени исто, без разлика на нивото на талент или вложениот труд. Но, потоа нашите деца доаѓаат во контакт со острата реалност додека се приближуваат до полнолетството (бидејќи нивните шефови нема да делат покачувања само ако тие се појават на работа) и се прашуваме зошто оваа генерација не може да го сфати тоа и така најверојатно ќе ја одржуваат емоционалната адолесценција до крајот нивните 30-ти години.

Зошто? Затоа што им штетиме со сето наше лебдење и спасување – затоа!

Вистината е дека децата треба да чувствуваат болка (да, болка) и разочарување и фрустрација за да растат и да созреваат. Знам дека боли да ги гледаме нашите деца како се снаоѓаат низ некои тешки ситуации. Можеби и ние навистина се заштитуваме од таа болка исто како што се обидуваме да ги заштитиме и нашите деца.

Нашата работа како родители не е да ги спречиме од чувствување болка, туку да бидеме таму и да седиме со нив во нивната болка и да ги охрабруваме, поучуваме и гушкаме низ овие критични животни лекции. Посакувам сите овие лекции да беа безопасни како заборавен „ајпад“ бидејќи знам дека животот може да ги загрози нашите деца, но тие треба да бидат подготвени за тоа.

Ова се две нови семејни правила кои ветив дека ќе ги следам:

Не правете го за некого она што тој може сам да го направи за себе

Кога правиме за некој друг (да, дури и за нашите деца) нешто што тој може да го направи за себе, ние го повредуваме и му ја скратуваме можноста да се издигне до своите способности.

Нека универзумот ги научи на вистинските последици

Полесно е. Бог создал природен поредок на овој свет и тој учи на подобри лекции отколку што некогаш сме можеле ние како родители!
Оваа генерација родители има највисока поставеност од сите генерации пред нас. Имаме повеќе информации и знаење, што е одлично, но понекогаш е и осакатувачко.

Престанете да работите толку напорно! Сите сме заедно во сето ова. Па така, на мојот син му порачувам – време е да излезеш во тој голем, широк свет и да доживееш неуспех!

Автор: Зои Шо

Извор



912

X