На децата, врз основа на нивниот успех на училиште, им кажуваме: „За ова си, за она си“, а всушност немаме поим што САКА детето. Да му кажеш на некого дека ќе биде одличен во ова или она, бидејќи има добри оценки, е исто како да му кажеш дека тоа сме го виделе кај некој бајач.

Училиштето не размислува за овие проблеми. Размислува како да ги реализира програмите. И до 15 години не е важно ШТО и колку знае детето, туку како ќе се развива. Не е важно дали знае математика, туку дали математиката што ја научил го поттикнала неговиот развој или била премногу силна, па дури и го запрела тој развој. Прекумерната раздразливост за ситуација која невроните не можат да ја надминат е опасна. И ние тоа не го сфаќаме сериозно.

Училиштата имаат педагози, имаат психолози, но треба да имаат и дефектолози и треба да бидат посериозни за менталното здравје на истражувачко ниво.

– Но, ако на детето не му се отвори мотив преку неговата примарна љубопитност и задоволството што ја придружува таа љубопитност, нема да можеме да создадеме причина за одложување на задоволувањето заради работа, учење, а така сме навикнати да ја нарекуваме РАБОТНА НАВИКА. Камшикот не создава љубов за откривање на животот, ниту мудрост. Камшикот буди гнев, омраза и желба за одмазда. Со камшик детето се исфрла од секаква потреба за ментален однос кон животот – од книгата „Училиштето како болест“.

За работната навика сме навикнати да зборуваме дека е добра. Но, таа е како калап наметнат сосила. Детето има проблем и попрво би играло отколку да седне да учи. Не може да го одложи задоволството за игра денес, за утре да биде помудар и подобар во нешто. Проблемот е што треба да му се дозволи на детето да РАЗБЕРЕ зошто треба да направи нешто. А тоа можеме да го постигнеме само ако се трудиме да ги разбереме децата, а не да ги воспитуваме. Образованието доаѓа од нашиот проект.

Еднаш еден татко-инженер ме праша: „Што ми кажувате за моето дете? Сигурно како родител јас знам што е најдобро за него? А вие ми велите да одам по моето дете?“

Јас му реков дека треба да го следи детето, а не да оди пред него и да му го попречува погледот. Тој ми се налути. Затоа што знае дека родителите ги воспитуваат децата како да се нивни сопственици и дека се одговорни за нив. А кај мене дојде да го реши проблемот на неговото дете со дискалкулијата. Тоа значи дека детето е паметно и бистро, но не умее да пресметува. Дискалкулијата е всушност проблем на ориентација во просторот. Тоа момче тогаш имаше осум или девет години и не знаеше што има лево, а што десно во собата и тоа го спречи да развие математичка логика. Требаше да се работи со дефектолог, а не со психијатар.

Автор: д-р Светомир Бојанин
Извор



912

X