Игротека

Дигиталното наспроти класичното образование

Велат дека живееме во дигитална ера. Повеќе не сме ни на почетокот, туку длабоко навлеговме.

И неоспорно е дека дигитализацијата сигурно игра сè поважна улога во образованието. Дигиталните табли, лаптопите, компјутерите, таблетите и дигиталните материјали често се присутни во училниците, но статистиките и реалноста веќе нè потсетуваат дека ентузијазмот и еуфоријата на дигитализацијата треба да се ограничат и треба да се води поголема грижа кога станува збор за спроведувањето на дигиталните уреди во образованието. Повеќето училишта не треба да користат дигитални уреди и материјали како основно средство, туку како помошно средство. Дигиталните наставни материјали имаат многу предности, но и свои недостатоци. Затоа, секогаш мора да постои контрола и баланс помеѓу дигиталните и класичните материјали. Без оглед кои се неопходни во денешно време, со дигиталните материјали мора да се биде внимателен.

Добро би било, повремено, и на децата и на родителите да им се привлече вниманието на предностите, а особено на недостатоците што ни ги носат дигиталните материјали.

Некои од значајните предности на кои треба да се инсистира се:

– Користењето дигитални наставни материјали, преку разни образовни апликации, ги подготвува учениците за дигиталната ера.

– Дигиталните лекции се поактуелни од лекциите од книгите што може да се стари и по неколку години.

– Во текот на дигиталните лекции можна е поголема интеракција.

– Учениците полесно можат да проверат дали одговориле точно на прашањата.

– Со дигиталните наставни материјали лесно може да се користат слики и филмови, а тоа овозможува поголема разновидност во наставната програма.

– На интернет постојат многу информации. Многу е важно да ги научите учениците кои информации се точни, а кои не. Звучи едноставно, но не е. На првиот клик не се добиваат детални или веродостојни информации.

– Со дигиталните наставни материјали децата може да се мотивираат да учат преку игра, бидејќи тие се во согласност со денешната перцепција на учениците и учењето е позабавно.

– Сè е достапно во облак, така што ништо не може да се изгуби и заборави.

Со користење на класичните методи наставникот има поголема контрола врз лекцијата. Не зависи од интернет и евентуално лоша конекција што нема да дозволи отворање на веб-страницата клучна за упатства и насоки. Наставникот е апсолутен господар на своите лекции и има подобар увид и преглед што прават учениците, а тоа обезбедува општ мир.

Но, не смеат да заборават и на недостатоците, односно она што секој треба да го избегнува и контролира:

– Подготовката на дигиталната лекција трае подолго отколку подготовката на класичната, бидејќи наставникот секогаш мора да следи и преминува на нови алатки и апликации.

– Информациите подобро се обработуваат ако се читаат на хартија отколку од екран.

– Подобро се учи со пишување белешки отколку со пишување на тастатура.

– Како наставник, зависни сте од интернетот, кој обично во училиштата е бавен и влијае врз квалитетот на предавањето.

– Недоволниот број на софтвери за контрола на отворени прашања ја ограничува можноста за дигитално проверување на ученикот.

Современата настава треба да биде комбинација од пасивни и активни методи на учење во кои класичната настава мора да ѝ отстапи место на дигиталната по мерка и во согласност со времето.

Автор: Наташа Мојсиловиќ

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top