Во моментов ситуацијата е тешка за многумина од нас, па се појавуваат низа иницијативи од славни личности кои укажуваат на позитивна енергија и сплотување.
Познатите личности читаат
„Безбедно со приказни“ е партнерство помеѓу актерките Џенифер Гарнер и Ејми Адамс со организациите „Спасете ги децата“ и „Ниедно дете да не е гладно“. Со оваа иницијатива се предизвикуваат актерите, атлетичарите, музичарите, политичарите и сите други луѓе да го земат својот телефон и некоја приказна и да почнат да читаат… за доброто на сите. Идејата е сите да ги споделуваат тие приказни на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, а оние што имаат можност да дадат придонес и во финансии. Преку донациите им се помага на училиштата и заедницата да создадат програми кои ќе обезбедат поддршка за децата, особено за ранливите категории, како и да се обезбедат доволно храна, книги, активности, игри и играчки, особено за руралните и сиромашните места во САД.
Неколку од познатите актери се приклучиле во иницијативата:
Лора Дерн ја чита приказната „Иги Пек, архитект“ од Андреа Бејти
Ова е иницијатива организирана во САД, но вакви иницијативи има и во Австралија. Оттаму велат дека тие се фокусираат на три приоритети:
1. Превенција на ширењето на заразата преку промовирање миење на рацете и хигиената, дистрибуција на сапун и дезинфекциско средство за раце за децата и заедниците на кои им е потребно. Ова вклучува и активности за подготовка во Пацификот за заштита на ранливите заедници.
2. Фокусирање на детето, бидејќи не сите деца се безбедни дома. Изолацијата прави децата да бидат поранливи, па услугите треба да се адаптираат на децата со цел тие да бидат безбедни.
3. Одржување врска со едукацијата бидејќи треба да се работи напорно за да се обезбеди континуитет во учењето. Училишната формалност, рутината и учењето се круцијални за безбедноста и благосостојбата на децата.
Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.