Девојчињата се чувствуваат помалку интелигентно од момчињата на возраст од шест години, покажало американско истражување објавено во списанието „Наука“. Тоа е поради сексистичките ставови кои се развиваат од најраната возраст, тврдат истражувачите од универзитетот во Њујорк, Илиноис и Принстон.

Чувството на инфериорност е поврзано со предрасудите во нашето модерно општество, иако со години се бори против наметнатите стереотипи.

Дури 400 деца на возраст од пет до седум години учествувале во ова истражување. Во првиот дел истражувачите им раскажале на децата приказна за луѓето што се „многу интелигентни“, а не го споменале нивниот пол. Децата требало да стекнат слика за ликовите за кои им било зборувано врз основа на фотографија од двајца мажи и две жени, и меѓу нив да ги одберат оние за кои мислат дека се актерите од приказната. Луѓето на фотографиите биле речиси на иста возраст и облечени во униформи. Децата на пет години го одбирале ликот од својот пол. Меѓутоа, на возраст од шест години и момчињата и девојчињата ги одбирале мажите.

Во другиот дел од тестот истражувачите барале од децата да изберат која игра ќе се игра. Им било објаснето дека едната игра е за „многу, многу интелигентни деца“, а другата повеќе за „деца што вложуваат повеќе труд“.

Кај петгодишниците немало разлика во преференциите на момчињата и девојчињата. Сепак, веќе во шестата година кај девојчињата интересот за „многу интелигентни“ игри бил значително помал отколку кај момчињата.

Таквата поделба постои и по средно училиште, велат научниците. Многу девојки избегнуваат да одат на студии за кои се верува дека се наменети за повеќе интелигентни и поспособни ученици. Одговорноста за ваквите резултати ја сноси целото наше општество, а ќе бидат потребни децении за таквата ситуација да се измени, па самопочитта и самодовербата кај девојчињата да биде еднаква со онаа што ја имаат момчињата. Сето тоа, под услов целото општество да ја согледа важноста на рамноправноста на половите.

Извор

 



912

X