На еден портал за родители Мирјам Џин неодамна ја раскажала приказната за својата ќерка со аутизам, со која се гордее затоа што во своето училиште направила чекор што ја расплакал наставничката.

Таа сакала да им покаже на сите дека децата со посебни потреби имаат поинаков пристап и дека можат да нѐ научат на сите важни лекции, иако општеството често ги гледа како лица со попреченост.

„Како и секоја мајка, јас бев преплашена кога моето дете тргна во прво одделение. Додека ја облекував, се прашував дали редовното училиште ќе биде вистинското место за неа. Морав повеќе да се грижам бидејќи таа си замина тој ден, а сè уште не знаеше како да се облече, ниту сама да оди во тоалет. Ѝ беше дијагностициран аутизам и селективен мутизам, а и покрај тоа што помина повеќе од една година во градинка, таа сепак беше една од помалите деца“, ја започнува таа нејзината приказна и додава:

„Покрај сопствените дијагнози, мојата убава синоока ќерка е близначка со момче кое има уште поголеми потреби. Има тумори, тежок аутизам, проблеми во однесувањето и не зборува. Таа мораше да живее со сето тоа во таа кревка рана фаза во период од 5 години. Како ќе се снајде без него, бидејќи неговото училиште е оддалечено 22 километри од нејзиното? Како некој ќе знае како да ги задоволи нејзините лични потреби ако не може да зборува? Дали нејзината анксиозност, ранливост и малата големина ја прави лесна мета? Дали стресот дома ќе ѝ предизвика проблеми со учењето? Бев загрижена“.

Меѓутоа, во првата недела на училиште нешто се промени. Девојчето отишло на училиште во придружба на асистент кој еден ден дошол и ѝ кажал на мајка ѝ, која толку многу се грижела, како нејзиното тивко, посебно и кревко девојче всушност го променило целиот клас, и тоа без да каже збор.

„Се испостави дека во нејзиниот клас има уште двајца ученици кои се многу тивки, но од други причини – не знаат англиски. За да го олесни учењето, ќерка ми седеше со тие деца за да може асистентот да им помогне на сите. Сепак, ниту еден од наставниците не зборуваше руски и сите сè уште се обидуваа да го најдат најдобриот начин да ѝ помогнат на таа група деца кои беа сместени во редовна паралелка поради инклузивноста. Учителката држеше лекција, а децата седеа на подот. Моето девојче седеше и внимателно слушаше, а потоа се врати на своето место. Учениците требаше да нацртаат слика и да го напишат своето име на врвот на хартијата. Додека сите деца земаа моливи и боички, ќерка ми само седеше. Гледаше додека асистентот се мачеше да им помогне на учениците кои не разбираа што се бара од нив“, објаснила мајката.

Меѓутоа, тогаш нејзината ќерка, која слушала и гледала што се случува околу неа, решила да стане и да им помогне на асистентката, наставничката и на сите деца.

„Додека другото дете за момент ѝ го одвлекуваше вниманието на асистентката, Наоми стана од своето место и отиде до двете деца. Го зеде држачот за вода од средината на масата и го стави до нив. Тивко го фати секое дете за рака и му го покажа името, а потоа му го покажа горниот дел од хартијата. Потоа зеде креон и почна нежно да црта на нивната хартија за да им покаже што прават другите деца и што се бара од нив. Таа чекаше додека децата ги следеа нејзините обиди да комуницира без јазик, а потоа полека почнаа да го копираат своето име и да цртаат. Таа ги погледна и се насмевна. И дури тогаш се врати на своето место и се обиде да го напише своето име“, раскажала мајката.

Оваа сцена ги воодушевила сите, учителката немо гледала, а асистентката плачела.

„Детето од кое никој не очекуваше успеа тој ден да ги научи сите на една лекција. Детето на кое му беше дијагностицирано нарушување на комуникацијата им покажа на сите како всушност да комуницираат. Животот со братот, кој не употребувал вербална комуникација, ја научил на нешто што го променило целото одделение – не ѝ требаат зборови за да им помогне на луѓето.

Сè уште се грижам, но знам дека некако успева да ја претвори пепелта во убавина. И не можев да бидам погорда на неа“, заклучила мајката.

Извор



912

X