Понекогаш ви се чини дека вашето дете драматизира без потреба и се обидува да се извлече од нешто што не може, дека го привлекува вниманието кон себе, но детето всушност во тој момент е анксиозно, односно загрижено за нешто, исплашено. Детски психолог брилијантно објаснува како да се детектира тоа.

Кога детето ќе ви каже дека го боли стомакот, вие веднаш се грижите, прашувате дали сака да оди во тоалет, дали е гладно и, всушност, кога ќе го исклучите сето тоа, помислувате на други работи. Тогаш почнува да ви паѓа на ум дека се обидува да ве отфрли или дека нешто не му одговара, па само уште повеќе ве лути. Сепак, детскиот психолог и мајка Мелиса Грифинг во своето видео на „Тик-ток“ објаснува зошто децата го прават тоа и како се чувствуваат.

Кога детето во предизвикувачка ситуација се жали на стомачна болка, а вие ги исклучувате сите други можности, постои голема шанса тоа да е „само“ нервоза, непријатност или дури и анксиозност. Да, понекогаш децата знаат да се изразат токму така, па ќе ви кажат: „Малку сум нервозен поради првиот училиштен ден.“ Или „малку се плашам да одам на лекар.“ Сепак, има многу деца што нема да можат така да ги изразат своите чувства, па наместо тоа ќе речат дека ги боли стомакот.

Во кратко видео детскиот психолог Мелиса Грифинг претставила 15 „реченици“ кои детето ќе ги каже ако не се чувствува удобно, односно реченици кои може да укажуваат на тоа дека детето се чувствува анксиозно. Ваквиот начин на гледање на работите ќе ве воодушеви, бидејќи сигурни сме дека многу возрасни ќе се препознаат во овие реченици, односно ќе се сетат на ситуациите кога им се случиле. Видеото со причина има над милион лајкови.

-Дали знаете дека децата зборуваат за анксиозноста на многу различни начини кои родителите честопати не ги разбираат? Издвоив 15 различни начини на кои детето ќе ви каже „загрижено сум“ – го започнува своето објаснување психологот, која е и мајка на три момчиња.

@momtherapist Kids tall about anxiety in ways adulta often dont pick up on. Heres your cheat sheet for deciphering kid speak on anxiety! #therapy #childtherapists #thoughtsfromatherapist #wellnestcounseling #dallastherapist #parenting #4upage ♬ original sound

Прва на листата е онаа позната реченица на сите, која предизвикува превртување на очите кај многу родители доколку се „користи“ премногу – „ме боли стомакот“. Меѓутоа, ако сега ја погледнете таа реченица од аголот што психологот Мелиса ви го претставува во ова видео, можеби ќе го промените вашето мислење и пристапот кон детето. Има многу реченици кои Мелиса ги наведува во видеото, а на родителите им се многу добро познати – „Морам повторно да мочкам“, „Ме болат нозете“…

Се разбира, како што забележува подоцна во коментарите на видеото, секогаш е важно да проверите каква е состојбата на детето кај вашиот лекар, но ако сте убедени дека сè е во ред, посветете му се на оваа анксиозност на детето. Мелиса објавила и дополнително видео во кое објаснува како да се поставите ако согледате дека се работи за анксиозност кај детето.

@momtherapist Helping your kids manage their own anxiety part one. #therapy #childtherapists #tipsfromatherapist #dallastherapist #parenting #thewellcounseling ♬ original sound

„Ако сакаме да му помогнеме на детето да управува со својата анксиозност, првиот чекор е да му помогнеме да разбере што чувствува кога ги добива тие сензации – а тоа значи дека родителот мора да препознае дека детето е вознемирено“, вели таа.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X