Исполнувањето на потребите на детето не подразбира само хранење на детето, пресоблекување, давање вода… важно е како сето тоа се прави и какви последици остава начинот на кој мајката се однесува кон детето.

За ова зборува д-р Билјана Пиргиќ, детски психијатар:

-Кога зборуваме за тоа што им треба на децата и како треба да се воспитуваат, многу е важно да се направи разлика помеѓу тоа што се потреби и што се задоволства. Детските потреби се потреби без кои не може да се живее – потреба од храна, од вода, од грижа, од топлина, ослободување од непријатност – мајката нема да го остави бебето во валкана пелена цел ден… Тие потреби во основа се такви и за бебињата и за возрасните бидејќи е важно да бидеме сити, да не сме жедни, да не престојуваме во мокри или ладни места…

Но, сите овие физички потреби имаат придружно психолошко значење.

Кога зборуваме за хранење, не е само млекото храна. Многу жени не можат да ги дојат своите деца од легитимни причини, но многу е важно како ги хранат.

Кога ги хранат со шише, повторно е важна таа посветеност, рацете, топлината, гласот, потпевнувањето… А не мајката да гледа во мобилниот телефон и да се допишува, а детето да е исклучено и отсутно. Ова е нешто што често се среќава.

Или, како што ми кажуваат таксистите во Белград, доаѓаат мајки и ги земаат децата од градинка, потоа влегуваат во таксито, а мајката гледа во мобилниот и молчи. Се возат околу 20-30 минути, а збор не кажуваат. Тоа е незаинтересираноста, неинволвирањето во животот на детето.

Ако мајката го земе детето од градинка, веројатно треба да праша што се случило тој ден во градинка, што правеле, дали некој го налутил детето, дали нешто го израдувало, со кого се дружело, што кажала учителката и што учеле… и во градинка или на училиште, сеедно.

Интерес, посветеност, труд – за да се разбере тоа дете пред нас – заклучила д-р Пиргиќ.

Извор



912

X