Во истражување спроведено од Универзитетот во Чикаго била пронајдена врска помеѓу нерелигиозното воспитување и љубезноста. Децата што биле воспитани без религија не само што биле пољубезни туку имале и поголема емпатија од другите.

Додека повеќето веруваат дека религијата носи подобро воспитување, ова истражување вели дека не е така. Предводено од професорот Жан Детети, истражувањето ги разгледа перцепциите и однесувањата на децата од шест различни земји.  Анализирана е веројатноста на децата да споделуваат, како и нивните навики за судење на другите или казнување на лошото однесување.

– Севкупно, нашите наоди се во спротивност со популарната претпоставка дека децата од религиозните домаќинства се поалтуристи и пољубезни кон другите – велат авторите.

Авторите поставуваат прашања за тоа дали религијата е од витално значење за моралниот развој, поддржувајќи ја идејата дека секуларизацијата на моралниот дискурс нема да ја намали човечката љубезност – всушност ќе го направи спротивното.

Кога од децата било побарано да изберат налепници, откако им било кажано дека нема доволно налепници, истражувачите набљудувале како тие ги споделувале. Понатаму, тие им покажувале на децата филмови во кои деца се туркале во други деца, за да ги видат нивните одговори. Децата од религиозните семејства имале поголема веројатност да судат од другите, се вели во извештајот.

Иако треба да се прават повеќе истражувања во оваа област, ова истражување открило јасна врска меѓу алтруизмот и недостигот на религијата.

– Би било интересно да се согледаат понатамошни истражувања во оваа област, но се надеваме дека со ова ќе се укине идејата дека религиозната етика е супериорна. Се сомневаме дека луѓето од сите вери и од ниту една вера споделуваат слични етички принципи во секојдневниот живот, иако може да ги искажуваат различно во зависност од нивниот поглед кон светот – заклучува истражувањето.



912

X