Во денешниот свет, каде што родителите се трудат да им обезбедат на своите деца најдобри можни услови за растење, честопати се наоѓаме во замката на презаштитничкото родителство. Свесни сме дека треба да ги заштитиме нашите деца од опасност, но понекогаш ги заштитуваме повеќе отколку што треба. Експертите предупредуваат дека прекумерната заштита може да има долгорочни последици, ограничувајќи го развојот на клучните вештини и независноста кај децата.

Водечки експерт за детски развој предупредува дека денешните родители се толку заштитнички настроени кон своите деца, што децата би можеле да имаат тешкотии да се справат со животните ситуации кога ќе пораснат. Д-р Аманда Гумер вели: „Ние ги разгалуваме нашите деца и тоа не им носи ништо добро“.

Експертот вели дека презаштитничкото родителство значи дека децата не се во состојба сами да донесуваат одлуки, што е „еден од најголемите проблеми во менталната здравствена криза што ја гледаме кај денешните тинејџери“. Таа истакнала дека многу родители премногу размислуваат за опасностите од непознати, но во реалноста несреќите дома се многу поверојатни отколку, на пример, киднапирањето. „Стравот меѓу родителите е главно неоснован“, тврди таа.

Основачот и извршен директор на „Гуд плај гајд“ предупредува дека на децата им се оневозможува развојот на клучните вештини како што се процена на ризик, социјализација, одлучување и градење пријателства и посочува дека овие вештини не можат да се развијат доколку децата не можат да играат надвор без постојан надзор од возрасни. Д-р Гамер објаснува:

„Штом има мал конфликт, тие бараат од родителите да го средат тоа. Кога имате деца што си играат сами, тие добиваат шанса да ги решат овие конфликти и да научат работи како емпатија и лидерски вештини“.

Таа додала дека ризикот да му се случи нешто лошо на детето е радикално намален ако детето игра надвор „во опсег“ од сопствениот дом. Таа вели дека денешните деца пропуштаат витални животни вештини и тоа ги обесхрабрува и ги лишува од слободата на избор да се чувствуваат дека имаат контрола над сопствениот живот – и сега, но и подоцна во зрелоста.

„Мораме да ги оставиме да паднат, да ги изгребаат колената и лактите, за да ги разберат опасностите и ризиците“.

„Нека ги прават овие грешки додека последиците се мали, а потоа кога ќе бидат постари и последиците ќе се поголеми, ќе знаат како да се справат со работите“, заклучила таа.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X