Децата што доаѓаат од домаќинства каде што има куче за милениче и редовно одат на прошетка со кучиња или активно играат со нив се однесуваат подобро од своите врсници што пораснале без куче, открива нова студија.

Студијата произлегува од Универзитетот „Вестерн Австралија“ и Институтот „Телетон Кидс“, а се наведува дека децата на возраст од 2 до 5 години што имале кучиња имале намалена веројатност за проблематично однесување и проблеми со врсниците, како и посилно изразени просоцијални однесувања, на пр., делење и соработка.

Понатаму, позитивните придобивки од растењето со куче се зголемиле пропорционално со тоа колку децата се шетале или играле со семејното куче.

– Сè повеќе сфаќаме дека чувањето домашно милениче во семејството може да донесе фантастична придобивки за детскиот физички и општествен развој – изјави Хејли Кристијан, една од истражувачите.

– Нашето претходно истражување покажа дека домашните миленичиња може да бидат особено корисни за децата на училишна возраст, но ова најново истражување покажува дека користа се појавува уште порано – во раното детство – истакна Кристијан и признава дека и истражувачите се изненадиле кога сфатиле дека самото присуство на домашното куче е поврзано со многу позитивни однесувања и чувства.

Според студијата, која опфатила 1.646 родители, децата од домаќинствата што чуваат кучиња имаат од 30 до 40 отсто помала веројатност да имаат проблеми со однесувањето или врсниците. Исто така, имаат за 23 отсто поголема веројатност дека ќе имаат просоцијално однесување во споредба со врсниците што не пораснале со кучиња. Шетањето на кучето во друштво на семејството барем еднаш неделно и активното играње со него или повеќе пати неделно ја зголемува веројатноста за просоцијално однесување на децата од претшколска возраст до 74 отсто, а тешкотиите ги намалува за 36 отсто.

– Со оглед на тоа колку е важна физичката активност за здравјето на детето и социјалниот и емоционален развој, навистина треба да ги искористиме можностите за децата и нивното движење. Нашето истражување посочува дека дејствувањето на семејствата е важна стратегија за постигнување на оваа цел.

Автор: Ели Мауч

Извор



912

X