Како родители, се надеваме дека ќе подигнеме издржливи деца. На прв поглед тие и се такви. Колку пати сте виделе дека вашето дете се враќа во нормала по некоја тешка, непријатна или дури опасна ситуација? Голема вистина е дека детската издржливост зависи од мноштво фактори, таа не е вродена и децата не ја градат сами, тврди еминентниот развоен психолог Ализа Пресман.

-Петте принципи: односи, регулација, размислување, правила и обновување – водат до тој неостварлив шести принцип за кој сите се надеваме и се стремиме: издржливост – напишала таа во бестселерот „Петте принципи на родителството“.

Имено, Пресман ја опишала својата книга како „фундаментален водич за родители кои сакаат да воспитуваат добри луѓе“, а во неа детално ги објаснила петте споменати родителски практики.

Односи

-Најмоќното надворешно влијание врз способноста на вашето дете да закрепне од тешките искуства е да има близок однос со барем еден стабилен и љубезен возрасен – вели Пресман.

Рефлексија

-Не постои ништо како родителството што ве тера да размислувате повеќе за сопственото детство. Тие моменти се најдобрата можност да го сфатите она што никогаш не би сакале да го повторите во детството на вашето дете – истакнала Пресман.

Таа додава дека „набљудувањето, забележувањето, разгледувањето и анализирањето на она што се случило е начин да се добијат вистинските одговори и да се научат децата како да го направат тоа“.

Регулација

-Со децата секој ден имаме многу можности да користиме регулација за да останеме смирени или да користиме други соодветни емоционални одговори – продолжила Пресман.

Правила

Според психологот, „правилата вклучуваат граници и ограничувања и одат рака под рака со чувствителна грижа, регулирање и моделирање на однесувањето што сакаме да го видиме кај нашите деца“.

-На децата им требаат граници и ограничувања за да се чувствуваат безбедно. Како родители, наша работа е да ги воспоставиме тие правила и потоа да ги спроведуваме на авторитативен начин – рекла Пресман.

Обнова

Конечно, обновата е термин кој се однесува на спонтани и намерни процеси со кои луѓето ги поправаат своите односи со другите или се смируваат. Пресман во книгата опишува ситуација во која мајка го игнорира своето бебе неколку минути затоа што одговара на СМС-порака. Бебето би можело да се загрижи.

-Има мали пукнатини во односите, но кога повторно ќе се фокусираме на нив, обновата започнува без да мора да правиме ништо друго. Важно е да ги поправиме овие пукнатини веднаш штом ќе станеме свесни за нив – вели авторот.

Горенаведените практики, заедно со употребата на соодветни вештини, градат издржливи деца кои можат да ги надминат животните бури.

-Не мораме да бидеме совршени родители во моментот кога ќе се родат нашите деца – а и никогаш не треба да бидеме. Научните истражувања докажуваат дека нашиот напредок во учењето е клучен за целиот процес на воспитување добри луѓе – заклучува Пресман.

Извор



912

X