Научниците тврдат дека напредните социјални вештини и подобрите когнитивни способности во голема мера можат да се одредат според тоа во која рака вашето дете ја држи куклата.
Луѓето ја користат десната страна на мозокот за процесирање на информациите што се поврзани со паметење лица, односно левата страна на видното поле за забележување и препознавање лица.

Луѓето ја преферираат левата страна за држење на бебето

Научниците претходно откриле дека луѓето ја преферираат левата страна за држење на бебето. А ново истражување спроведено во Велика Британија посочува дека децата што ги држат своите кукли во левата рака се попаметни и подруштвени од децата што ја преферираат десната рака за држење и контрола на куклата.
Луѓето се друштвени суштества. Толку друштвени што дури и се местиме во позиција за седење или стоење во која имаме подобар преглед на лицата на луѓето што нè опкружуваат, пишува „Дејли мејл“ .
Нервите што ги поврзуваат очите и мозокот се споени така што визуелните информации кои ги примаме од левата страна се пренесуваат и се процесираат во десната половина на мозокот.
Возрасните во левата половина на мозокот ги обработуваат зборовите (говорот), а во десната половина лицето (визуелни информации), па затоа луѓето несвесно попријатно се чувствуваат ако луѓето со кои разговараат седат од нивната лева страна.

Претходно спроведени истражувања откриле дека мозокот на малото дете не ги разделува обработката на изразот на лицето од говорот, туку целокупната обработка се одвива во левата половина на мозокот. Но, ново истражување спроведено на Универзитетот во Лондон дошло до поинакви информации.

И животинските видови имаат „склоност за носење на лева страна“

Во експеримент во кој учествувале 100 четиригодишни и петгодишни деца истражувачите откриле дека тие ги препознаваат и обработуваат дури и наједноставните црти на лицето.
Кога на децата им е дадена чиста перница, ништо посебно не правеле, но кога истражувачите на перницата нацртале три точки, децата ја процесирале како лице и почнале да ја нишаат перницата како што прават возрасните со мало бебе.
– Феноменот познат под името „склоност за носење на лева страна“ не се појавува само кај луѓето, туку го има и меѓу животинските видови – која горилата и лилјаците. Држењето на бебето на левата страна на видното поле му овозможува на човекот подобар поглед на бебето – објаснува д-р Гилијам Форестер, еден од авторите на истражувањето.
Без оглед на доминантната рака, неколку деца перницата-бебе ја држеле во левата рака, а другите ја носеле во десната рака.
Децата што ја држеле перницата во левата рака, што им овозможи подобро да го процесираат „лицето“ на куклата, имале подобри резултати во друштвените и менталните задачи што им ги дале истражувачите отколку децата што ја држеле перницата во левата рака.
Потоа, кога истражувачите им дале вистински кукли, примерот останал ист.

– Се покажало дека нивната склоност за носење на детето на левата страна е присутна уште во раниот период на развојот, а децата немале претходно искуство во носење бебе за инстинктивно да ја преферираат левата страна – објаснува д-р Форестер.

Исто како децата, и 80 отсто од мајките ги носат децата на левата рака, особено во текот на првите 12 недели, кога бебето е најранливо и му е потребна целосна нега и надзор.

Децата што ја носеле куклата на левата страна биле подобри и во следењето на упатствата, имале поголема желба да ја извршат задачата, а тоа посочува дека нивните друштвени вештини се подобро развиени отколку на децата што ја носеле куклата на десната страна.

– Интересно е дека децата што ја држеле куклата на левата страна постигнале и подобри резултати на тестирањето за друштвените способности, што значи дека користењето на визуелното поле што е поврзано со доминантната половина на мозокот за обработување на друштвените содржини им дава на поединците предност во животот – заклучува д-р Форестер.



912

X