Игротека

Децата не ги помнат случувањата пред својата трета година

Секој од нас би сакал да може да се сети на работите и случувањата од периодот кога бил бебе. Како сме се однесувале, што сме сакале да правиме и како изгледал еден наш обичен ден, но не можеме. Затоа се тука родителите, да се сеќаваат, да забележуваат и да прераскажуваат.
Овој феномен, заборавени случувања од најраното детство, Сигмунд Фројд ги нарекол инфантилна амнезија, но нешто подоцна кај децата од осум години се уочува отежнато потсетување на она што им се случувало до третиот роденден.

Научниците од Универзитетот „Емори“ од САД спровеле истражување на група од 83 тригодишни деца и ги снимале додека раскажувале искуства од последните неколку месеци – посета на зоолошка градина, излети со родителите, роденденски забави со пријателите од градинка. Неколку години подоцна ги интервјуирале истите тие деца и им поставувале прашања за истите случки. Околу петтата и шестата година децата можеле да се сетат на 63-72 отсто од настаните за кои порано зборувале, додека децата на возраст од осум и девет години можеле да се сетат само на 35 отсто од настаните.

Малите деца, според научниците, до третата година не се доживуваат себеси како посебна единка, не го сфаќаат поимот време, календар, ден, месец и годишна доба и не можат прецизно да ги лоцираат местата на кои нешто се случувало бидејќи нивниот мозок не е способен сите тие случки и доживувања да ги спои во смислена целина.

Сеќавањата на бебињата се бришат поради развојот на мозочните клетки. За меморирање на настаните задолжен е хипокампусот, делот од мозокот кој произведува нови клетки со цел да се заменат старите. Тоа се случува додека мозокот комплетно не се развие и тогаш настанува трајното паметење.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top