Познато е дека децата се како сунѓери. Најдобро време за учење е кога се мали. Истото се однесува и кога учат да свират на инструмент. Дете полесно ќе научи да свири на инструмент за разлика од тинејџер или возрасен. Неодамна била спроведена студија за да се дознае која временска рамка е совршена за учење, но се открило многу повеќе од тоа.

Објавена е во „Психолошка наука“, а водечкиот истражувач Лаура Веселдијк од Институтот „Каролинска“ во Шведска открила дека одговорот не е многу едноставен. Всушност, не се само умовите на децата поврзани на тој начин што се склони кон учење на млада возраст. Ако сте го однеле детето на рана возраст на часови по музика, сметајќи дека тоа ќе се развие и во возрасна доба ќе биде успешно, во право сте. Студијата го потврдува тоа, но има и фактор кој го нагласува тој тип на учење.

Семејството е важно – да, ако му припаѓате на семејство кое е музички надарено или таткото во семејството, на пример, се занимава со музика, тогаш вашиот мал Моцарт може да ги следи неговите стапки и да биде одличен во тоа. Семејните гени, музичката средина на растење и семејство кое охрабрува – се исклучително важни фактори кои даваат придонес кон тоа детето да биде успешно во совладувањето на некој инструмент.

Лаура Веселдијк собрала информации и од претходна студија – „Студија на возрасни близнаци: гени и средина“ и заедно со колегите испрашала 310 професионални музичари. Од двете студии било заклучено дека учењето инструмент на рана возраст е поврзано со музичката способност на оние што се на самиот почеток и оние што практикуваат музика многу години. Што се однесува до семејната генетика, влијанието и музичката средина сепак се главните фактори кои креираат љубов кон музиката кај детето. „Резултатите покажуваат дека генските фактори поврзани со музичкиот интерес и талент имаат основно влијание врз возраста на која се започнува со практикување на музиката, како и на идната музичка способност. Со контролирање на семејните фактори, споделените гени и влијание на средината, нема дополнителна поврзаност помеѓу раниот старт во однос на возраста и музикалноста“.

Семејствата што имаат слух за музика може да го забележат талентот. Па, ако свирите на инструмент и можете да кажете дали вашата ќерка, на пример, е исто така добра во тоа, можеби е време да ја запишете на дополнителни лекции каде што ќе го усоврши својот природен талент. Веселдијк додава дека била среќна што можела да го истражи ова бидејќи и таа самата е музичка индивидуа и има семејна музичка заднина.

Автор: Деб Конкалвес

Извор



912

X