Веројатно секоја мајка доживеала ваква сцена. Таткото е со детето, детето е во ред, си игра, не се буни, се забавува, расположено е. И тоа трае некое време. И тогаш мајката влегува во собата и сè се менува. Детето наеднаш трча кон мајка си како некој да го малтретирал, како цело време да има драма и сега конечно го нашло спасот – мајка му.

И тогаш сите се свртуваат кон мајката со „тој“ поглед и коментираат нешто од типот: „Па ти го разгали, кога не си тука сѐ е супер, доаѓаш и веднаш има драма…“

А вакви коментари „сака“ секоја мајка…

Па, да, децата често се „најлоши“ пред своите мајки. Да, децата најчесто најмногу плачат пред своите мајки. Да, децата често го покажуваат своето најлошо лице и своето најлошо расположение пред своите мајки. И не, не е дека се разгалени, ниту мајката најмногу им дозволува, ниту пак глумат и драматизираат пред мајка им. Всушност, дури е и обратно.

Неодамна било спроведено истражување чија цел била да се проучи кому се обраќаат децата во време на неволја (и моменти на среќа) и зошто. Она што истражувачите сакале да го утврдат е дали децата имаат поголема веројатност да комуницираат со нивниот примарен родител (т.е. родителот кој поминува најмногу време со детето и дава најголема грижа), или родителот со кој се најповрзани и дали децата имале поголема веројатност да ја бараат мајката или таткото.

Тие особено се фокусирале на тоа дали емоциите на детето одредуваат кој родител ќе го бара, или дали бара друг родител кога е во неволја или кога е среќно. Заклучокот до кој дошле истражувачите е јасен и логичен за секоја мајка – кога детето е вознемирено, поверојатно е дека ќе комуницира со неговиот примарен старател. Примарниот негувател, очекувано, во повеќето случаи е мајката – таа што ги извршува повеќето задачи поврзани со грижата за детето и поминување повеќе време со малото дете. Дополнително, колку е посилен примарниот старател, толку е поголема веројатноста малите деца да го бараат тој родител кога имаат потреба.

Она што е интересно е дека не било важно дали детето е подобро и повеќе поврзано со мајката или таткото, односно за кого е повеќе приврзано – единствено важно било кој е примарен негувател, односно кој се грижи за детето повеќе. Значи, дури и кога детето е повеќе приврзано за таткото, ако мајката е примарен старател, детето ќе се обрати кон мајката во моменти на потреба.

Сепак, кога станува збор за смирување и утеха, родителот со кој се поповрзани секогаш има подобри резултати. Кога децата се среќни, еднакво е веројатно дека ќе комуницираат со кој било негувател – не е важно дали тоа е примарниот старател или старателот со кого се повеќе поврзани. Сè на сè, истражувањето покажало дека во моментите кога детето се чувствува лошо, несигурно, плаче – ќе ја бара мајка си, без разлика дали е повеќе врзано за мајка си или за татко си. Ова е всушност она што често ги прашуваат децата, а децата велат „да“ – тие повеќе ја сакаат мама. Можеби ова воопшто не е вистина, но децата го чувствуваат тоа затоа што нивните мајки се нивните примарни старатели.

Оваа студија има свои недостатоци, се разбира, бидејќи во сите проучувани семејства мајките биле примарни старатели. Тие конкретно не барале такви семејства, но тоа бил резултатот. Значи, приказната од почетокот на текстот е сосема логична. Ако детето е вознемирено, ако не се чувствува совршено добро, ако едноставно плаче, луто е или има некое слично чувство – ќе оди кај мајка си и ќе ѝ го покаже сето тоа. Ако, на пример, таткото не му даде бисквити додека е со него, односно не му даде нешто што навистина го сака (од која било причина), детето ќе ги „извлече сите овие чувства од себе“ во моментот кога ќе ја види мајка си.

И така, ете, мајката расипува сѐ. Мајката го „расипува“ детето кое било совршено расположено. Но да, сега е барем појасно, нели?

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X