Да се ​​биде родител не е лесна работа и голем дел од мајките и татковците се одлучуваат за построг пристап во воспитувањето, со желба да го заштитат своето дете од опасностите што демнат, но и да го „зајакнат“ за животот што му претстои. Меѓутоа, ако строгоста е претерана – ефектите можат да бидат сосема спротивни, тврдат психолозите.

Родителите што се премногу строги со своите деца, кои не прават компромис, драконски ги казнуваат своите деца и имаат „спартански правила“ на воспитување, можеби го прават тоа со најдобри намери, но веројатно не се свесни дека му нанесуваат трајна и непоправлива штета на детето.

Американски истражувачи од Универзитетот во Вирџинија откриле дека малите деца чии родители негуваат строг пристап во родителството и „железни“ правила може да имаат, значително почесто од децата на умерени родители, тешкотии во развојот, образованието, социјалната асимилација, емоционалните врски, комуникацијата, но и во односите со другите луѓе подоцна во животот.

Истражувањето покажало дека на децата што се под строга контрола од своите родители им е потешко да опстојат во емотивна врска. Истражувачите следеле 184 млади луѓе годишно, на возраст од 13 до 32 години, од кои едната половина момчиња, а другата девојки. Истражувањето опфатило луѓе од широк социјален и социо-економски спектар, кои пополнувале анкета за себе и за нивните родители.

Иако родителите, најчесто, со строгото воспитување рутински се обидуваат да ги насочат своите деца кон успешно воспитување и да ги одвлечат од некои од животните патувања, прекумерната контрола во текот на адолесценцијата може да го спречи нивниот развој, и се покажа дека овој вид воспитување им „штети“ на децата, вели коавторот на истражувањето, професорот Џозеф Ален.

Ако сакате правилно да го насочите вашето дете и да ја задржите родителската контрола, потребно е вашиот пристап кон воспитувањето да биде умерен, бидејќи во спротивно може да добиете послушно дете, но тоа дете може да има сериозни емотивни последици што драстично ќе влијаат врз неговиот подоцнежен живот.

Извор



912

X