Возрасните знаат дека „човек на човека му е волк“, „колку луѓе, толку карактери“. Но, децата не знаат.

На некој од соседна Србија му било интересно да дознае како размислуваат децата кои сè уште не ги знаат поговорките што се провлекуваат низ историјата, народните бајки и умотворби според кои многумина од нас се водат во животот.

Им го понудил почетокот на реченицата и барал од децата да ги допишат зборовите што недостигаат. Ги собрал најзабавните одговори, а листата со овие „преработени“ поговорки брзо се проширила на друштвените мрежи. Бидејќи добро е да се види дека има уште такви што сметаат дека подобро е кога „човек на човека му е пријател“.

Кај „Крвта не е вода“ и „каде што има чад, има и оган“, сите се согласуваат. Сепак, погледнете ги другите одговори на децата, па можеби ќе сфатите каде грешите во размислувањето за светот и луѓето.

Ако се прашуваат децата, „подобро некогаш отколку претходно“. Освен тоа, „кој прашува – нема брзање“, но и „кој рано рани две среќи разделува“.

-Во здраво тело здрав сум јас.

-Подобро да се спречи отколку да не се спречи.

-Подобро врапче в рака отколку гулаб на гранка.

– Далеку од очите, далеку од мене.

– Испечи, па јади.

-Колку луѓе, толку куќи.

-По облаци доаѓа сонце.

-Повторувањето е мајка убава.

-Како ќе посееш, така ќе добиеш цвеќе.

-Зборовите летаат, а она што е напишано не лета.

-Кој нема во главата има во животот.

– Подобро некогаш отколку порано.

 

 

фотоизвор: Noizz.rs



912

X