Времето во кое живееме е со брзо темпо, така што се претпоставува дека детето и ќе прозборува пред нормите, т.е. хронолошката доба. Кога ќе се случи детето да не прозборува во терминот на својата хронолошка доба, доаѓа до паника, но тоа не е потребно. Можно е вашето дете да е исклучително интелигентно и да има Ајнштајнов синдром.

Алберт Ајнштајн, по кого овој синдром го добил името, прозборел подоцна од вообичаеното, а сите знаеме кој бил тој…
Ајнштајновиот синдром (АС) може да се препознае уште во најраната возраст на детето, а лекарите кои се запознаени со него можат уште кај новороденчињата да препознаат дали го имаат или не.
Тогаш ќе бидете во шок, но позитивен зашто лекарот ве подготвува за нешто што ве чека, а тоа е дека до третата година вашето дете ќе чита, а од 6 до 7 ќе чита на ниво на основец од повисоките одделенија.
Децата што го имаат овој синдром може да се усовршат во различни странски јазици до својата шеста година, да развијат феноменален и многу богат вокабулар, и да завршат средно училиште до 10-11 години, а факултет до 15 години.

Сега гледате кој е хронолошкиот распон на просечните деца, а кој на оние со АС. Треба да знаете дека децата со АС имаат изразено развиени физички активности и дека помеѓу многу олимпијци се кријат лица со АС.

Како да се однесувате со дете што има АС?

Ако имате дете што има АС, мора постојано да го занимавате со нешто, да го вклучувате во многу активности, да учи букви во периодот кога ќе покаже интерес за нив, да работите на вештината на читање, многу да разговарате со него за ситуациите, настаните и да очекувате дека ќе ве разбере. Бидејќи таквото дете е изразено добар музичар, опкружете го со класична музика.

Тоа е дете со кое можете секаде да одите и многу да патувате зашто ужива во тоа. Мора многу да му раскажувате за местата каде што ќе престојувате, да зборувате за светот во кој живееме.

Многу родители се изненадени колку е интелигентно нивното дете на возраст од 5-6 години и дека тогаш ја покажува својата најјака страна. Запаметете, тоа се деца со изразено вешт вокабулар, извонредни читачи на возраст од 5 години (хиперлексија), со добро уво за музика, со исклучително добра координација во просторот и времето.

Хиперлексија… мит или вистина?

Хиперлексија е нарушување кое согледува во детската привремена способност за читање и паметење, но и значителни тешкотии во разбирањето и користењето на вербалниот јазик, како и значајни проблеми во текот на социјалните интеракции. Иако хиперлексија значи дека детето има способност да чита многу порано отколку што се очекува и има извонредни вештини за паметење – повеќето хиперлексични деца не можат да го разберат значењето на зборовите, па доцнат со развојот на говорните и социјалните вештини. Многу хиперлексични деца имаат голема опсесија со буквите и бројките.

Разликуваме 3 типа хиперлексија:

Тип 1: Се работи за исклучително бистри деца кои сами почнуваат да читаат на многу рана возраст. Меѓутоа, кога ги проценуваат, тие не се категоризирани како надарени, туку како деца со одредена дијагноза. На претшколска возраст тие читаат на ниво на прво и второ одделение во основно училиште.

Тип 2: Тоа се деца што имаат неверојатни вештини за памтење и за читање, но исто така имаат говорни, социјални и бихевиорални вештини што се карактеристични за деца со аутистичен спектар. Значи, нивната хиперлексија е всушност способност предобро да извршуваат една задача, но не и другите што им се задаваат. Децата со хиперлексија исто така можат да бидат изложени на други состојби, како дисфункција на интеграцијата, нарушување на вниманието и хиперактивност, развојна диспраксија, опсесивно-компулсивно нарушување или депресија.

Тип 3: Ги вклучува децата со неверојатни вештини за паметење и рана способност за читање, а понекогаш и со напредни способности во другите полиња. Иако децата може да имаат однесување слично на аутистичното, немаат аутизам, друштвени се и блиски со членовите на семејството, но дистанцирани од врсниците.

Како да ги препознаете симптомите на хиперлексијата?

– Рана способност за читање во споредба со врсниците;
– Тешкотии во разбирањето и употребувањето на вербалниот јазик;
– Тешкотии во процесирањето на вербалниот говор;
– Тешкотии во одговарањето на прашања (кој, што, каде, кога, зошто);
– Силни вештини за памтење;
– Сфаќање на учењето напамет;
– Конкретно размислување;
– Визуелно учење;
– Предизвици кога се во прашање промените на рутината;
– Тешкотии со социјалните вештини.

Зошто Ајнштајнов синдром?

Многу едноставно, затоа што Алберт Ајнштајн подоцна прозборел, а бил исклучително бистро дете. Многу физичари се во таа група (Едвард Телер, Ричард Фејнман), како и музичари (Артур Рубинштајн). Пред професорот Томас Совел да го препознае и да му го даде името Ајнштајнов синдром, многу деца биле етикетирани како деца со развојни тешкотии со импликации на говор.

Направени се многу студии (од Томас Совел од Универзитетот „Стенфорд“) и е откриено дека децата со АС развојно многу подоцна прозборуваат, но покажуваат исклучителни таленти. Во студиите биле опфатени деца меѓу 3 и 3,6 години и тогаш сè уште го немале кажано својот прв збор, што е многу доцна. Да се потсетиме, првиот збор со значење доаѓа во периодот од 6 до 12 месеци на детската хронолошка доба.
Во студиите што ги спровел Совел, 87-89% од децата биле машки, со изразени аналитички способности, добра координација во редење сложувалки, исклучително добра меморија.

А што е со генетиката?

Секако дека во семејството на децата со АС имало предци што го имале тој синдром. Професиите што се најчести во таа популација се: инженери, научници, математичари, музичари.

Карактеристики на децата со АС: од една страна, тоа можат да бидат темпераментни деца, а од друга страна, изразено срамежливи деца, тука нема правила.

Уште една важна работа – иако вашето дете има огромна интелигенција, високо развиени аналитички способности, тоа доцни во учењето да оди во тоалет, но не грижете се, и тоа ќе се среди.

Многу е важно уште на најрана возраст да се препознаат изразените способности на детето за да можат да се развиваат на соодветен начин.
Автор: М-р Наташа Сунич-Варгец



912

X