Помина речиси една година откако неславниот коронавирус се рашири низ светот како молња. Многумина сметаат дека остана предолго – на луѓето им недостига животот од претходно, пред низата рестрикции и карантини, и тоа толку многу што веќе психичкото здравје кај многумина е нарушено. И додека тоа е очигледно кај возрасните, децата изгледа како да имаат уште поголема мака, ако се суди според поемата што неодамна беше објавена на „Твитер“. Не е обична поема – напишана е во пандемија и тоа од 7-годишно дете.
Џулија неодамна на „Твитер“ споделила фотографија од рачно напишаната поема, која ја зема предвид реалноста на пандемијата и постојаното комуницирање преку видеоповици. Песната е напишана од гледна точна на основец кој е премногу исцрпени за и понатаму да „зјапа“ во компјутерскиот екран за време на часовите и се чувствува дека тоа е единственото нешто што го прави деновиве. Поемата предизвикува многу реакции и емоции, без разлика во која ситуација сме, бидејќи е факт дека пандемијата ги промени нашите животи од корен, а социјалната интеракција е сведена на минимум.
POV you’re seven pic.twitter.com/T7fNu1pn5Y
— Julia? (@bugtypepokemon) February 8, 2021
Ова е неговата поема:
Здодевно онлајн-училиште.
Денес е само уште еден ден во долгата низа денови со зјапање во глупавиот екран.
Само здооодевно, здоодевно онлајн-училиште кое е единственото нешто што се случува.
Единственото нешто што се случува – единственото нешто што ќе се случи.
Изгледа дека, ова било задача за еден од неговите часови, па тој ја прочитал поемата наглас. Џулија, објаснила дека е неговата дадилка, па рекла дека детето се чувствува добро и покрај неговата авторска депресивна поема.
„Многумина од вас се загрижени за него. Ве уверувам дека е здрав и многу сакан и ова е тешко време за сите. И двајцата се забавуваме читајќи ги сите ваши коментари за поемата“, напишала Џулија на дополнителните твитови. Детето има многу хобија и интереси, а едно од нив е пишувањето. Џулија вели дека тој е брилијантен, слободен автор и не е единствената што размислува така.
lol a lot of you seem very worried about him. I️ promise he's healthy and very loved and this is a rough time for everyone. we're both having lots of fun reading all your little takes on his poem
— Julia? (@bugtypepokemon) February 8, 2021
Откако била објавена, поемата станала вирална. Многу луѓе ги потенцирале поетичните методи и структури искористени во поемата: работи како повторување (здодевно, здодевно) и реторичка прогресија (користење на различни времиња).
This 7 year old (a) utilizes repetition effectively to emphasize his purpose (b) makes a relatable statement and (c) ends with a rhetorical progression of verb tense in comedic triples to solidify his stance.
— Sonny Romeo (@monopSonny) February 9, 2021
This is actual creative writing and should be encouraged.
Други, пак, го пофалиле за сликата која ја претставува преку неговите зборови, правејќи ги работите директни на почетокот, а егзистенцијални на крајот од поемата.
Трети се шегуваат дека онлајн-учењето ги трансформира децата во Д-р Менхетен, лик од „Ди-Си Комикс“ универзумот кој покажува апатија и депресивност. Објавата предизвикала и појава на дискусија во врска со тоа дали онлајн-учењето е ефективно и колку им е лошо на децата поради целата ситуација со пандемијата.
Автор: Лукас Гарнелис и Робертас Лисицкис
912