Здравје

Депресијата на мајките влијае врз развојот на децата

„Лошо е за детето да има мајка со депресија и веројатно е лошо за мајката да има дете кое не се развива оптимално. Затоа депресијата на мајката не треба да биде игнорирана. Таа треба да се лекува“

Депресијата на мајката е поврзана со развојот на нејзините деца од детството низ адолесценцијата, покажува најновото истражување. Истражувачите проучувале 875 мајки во Чиле и нивните здрави деца во период од 16 години, оценувајќи ги учесниците на приближно секои четири години.
Во кој било момент во текот на истражувањето околу половина од мајките имале симптоми на депресија, а една третина биле сериозно депресивни, вели Патриша Ист од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.

Помал речник и посиромашни вештини за разбирање

На пет години децата со сериозно депресивни мајки имале просечен вербален IQ резултат од 7,3 (на скалa од 1 до 19), во споредба со повисок резултат од 7,8 кај децата без депресивна мајка.
„Иако можеби не изгледа како голема разлика, сепак, ова е навистина значајно за вештините за учење на децата“, вели Ист. Овие деца имале помал вокабулар и посиромашни вештини за разбирање“, рече Ист.
Исто така, тимот открил дека депресивните мајки немале доволно интеракција со своите деца.

Неопходна е помош

Истражувачите ги набљудувале емоционалната и вербалната комуникација на мајката со нејзините деца за време на спонтани интеракции во домот. Тие набљудувале колку често мајките ги фалеле своите деца, им читале, пренесувале позитивни чувства и ги прегрнувале, меѓу другото. Високо депресивните мајки биле помалку чувствителни и помалку искажувале љубов.
Истражувачите откриле дека нивото за емоционална, вербална и образовна поддршка на мајката е посилно поврзано со нејзината депресија како што растеле децата.
„Бев убеден дека депресијата на мајката има различни негативни ефекти врз децата во текот на нивните животи на многу различни начини. Ова истражување го потврдува тоа“, вели Мајкл Шенбаум, виш советник за услуги за ментално здравје од Националниот институт за ментално здравје.
Сепак, тој предупредува дека истражувањето не може да докаже дека депресијата на мајката е причина за детските проблеми.
„Лошо е за детето да има мајка со депресија и веројатно е лошо за мајката да има дете кое не се развива оптимално. Затоа депресијата на мајката не треба да биде игнорирана. Таа треба да се лекува“, додава тој.
Ограничувањето на истражувањето е дека се заснова на жените во Чиле, чиј родителски стил може да биде различен од оној на жените на други места. Исто така, истражувањето не го испитувало влијанието на татковците и поширокото семејство врз децата на депресивните мајки.
„Се надевам дека ако мајката е во депресија, ќе побара помош или интервенција за да биде подобар родител“, вели Ист.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top