Немој некој да дојде да ми се жали од тебе.

Оди по тротоарот.

По училиште веднаш дома.

Напиши ја првин домашната задача.

Не влегувај во непознат автомобил, не земај ништо од непознати луѓе, не приоѓај им на непознати луѓе.

Немој да те видам да пушиш.

Да се вратиш дома до полноќ.

Затвори ги очите (кога на телевизија имаше сцена несоодветна за деца).

Марш во соба.

Да кажеме дека тоа беа магичните реченици на кои се базираше воспитувањето на децата некогаш.

Не се сеќавам дека родителите мене и на другарчињата ни кажуваа за дрога, секс, безбеден секс, мастурбација, лоши примери, пубертетско дивеење на хормоните. Не, туку се купуваа гардероби тешки 100 килограми, за кои сите соседи помагаа да се внесат, се летуваше на хрватското крајбрежје и слично.

Понекогаш децата се носеа на Дунав, каде што ни мачкаа леб и паштета. Нè штитеа од сонцето со крем за сончање, а подоцна дома и со јогурт. Заспивавме кога ќе се изгаснеше светлото, молчевме кога тато се одмараше, на гости кревавме два прсти кога сакавме да одиме во тоалет или кога сакавме да станеме од маса. Земавме само по едно колаче.

Не беше тогаш работата во дисциплината, туку во границите што ни беа повлечени, тоа што денешните деца го немаат. Затоа што нема кој да ги повлече бидејќи не знае каде да се повлечат, бидејќи се плашат или не се присутни за да ги повлечат.

А кога нема граници, тоа е исто како да можете да скокнете преку карпа. И ми се чини дека токму тоа се случува.

Дали нашите родители нè зафркнаа со нивното воспитување или не?

Автор: Јована Кешански

Извор



912

X