Глобалните трендови посочуваат дека времето на спиење на децата се намалува, додека времето поминато пред екраните се зголемува, како и прекумерната тежина и дебелината.

Времето поминато пред екранот, како и количината на спиење, се најјасниот сигнал кој предизвикува проблеми со телесната тежина на децата – тоа е заклучокот на студија во која учествувале повеќе од 4.000 деца на возраст од две до 11 години, од 8 европски земји.

Во светот, 90 отсто од адолесцентите не ги добиваат препорачаните 9 до 11 часа спиење во текот на ноќта, што се совпаѓа со зголеменото користење на екранот. Се проценува дека само во Велика Британија младите на возраст од 8 до 19 години поминуваат во просек 44 часа неделно гледајќи во различни екрани.

Овие нови наоди ги поддржуваат доказите од претходните студии, кои покажуваат дека и времетраењето на спиењето и времето поминато пред екранот се независно поврзани со прекумерната тежина, додавајќи докази за тоа како овие однесувања функционираат, за да влијаат врз промените во телесната тежина кај младата популација.

-Спиењето е често потценет, но важен дел од развојот на децата, а редовниот недостиг на сон предизвикува различни здравствени проблеми. Нашите наоди сугерираат дека времетраењето на спиењето игра улога во односот помеѓу времето поминато на екранот и прекумерната тежина, но потребни се повеќе истражувања за да се разбере механизмот кој лежи во основата на оваа врска – истакнал водечкиот истражувач на студијата д-р Вивека Гузман.

Извор



912

X