Д-р Сиги Коен е специјалист за детски развој, доктор на науки во таа област, со повеќе од 35 години искуство во работа со деца и семејства. Покрај тоа, на својот инстаграм-профил им помага на родителите да се соочат со некои секојдневни ситуации кои се предизвик во начинот на воспитување на децата.

Еден од таквите предизвици, со кој сме сигурни дека се соочил речиси секој родител, е кога вашето дете, откако сте одбиле да исполните едно од неговите барања, ќе каже: „Но, никогаш не ми дозволуваш…“ или „Никогаш не ме оставаш…“ Иако реалноста е всушност многу поизбалансирана и во никој случај не е точно дека никогаш не му дозволувате на вашето дете да гледа цртан филм или да јаде сладолед. Едноставно не му дозволувате, сега, во овој момент.

Сите сме биле во таква ситуација кога не разбираме како е можно детето да заборавило дека веќе го добило тоа што го барало пред неколку часа.

Еве како тоа го објаснува д-р Сиги и што треба да правиме во вакви моменти.

– Децата се ексклузивни. Со нив е сѐ или ништо. Тие не го разбираат концептот на умереност и рамнотежа. Живеат во моментот, го чувствуваат тој момент и тој момент им е сѐ. Минатото и иднината им се магливи, а во сегашниот момент – речиси неважни. Она што го чувствуваат во тој момент е единственото чувство што им пречи – вели д-р Сиги. И тоа е сосема нормално за дете.

Веднаш потоа поставува прашање на кое сите, речиси сигурно, кимнуваме со главата потврдно.

– Дали сте се фатиле во тие ситуации веднаш да поставувате прашања: „Како никогаш не сум ти дозволил ништо?“ Па, не се сеќаваш дека вчера доби…“ Се обидувате да објасните, да расудувате со детето. Да му укажете дека во никој случај не е во право… – вели д-р Сиги.

Наместо тоа, д-р Сиги ве советува да пробате малку поинаков пристап. Обидете се да кажете нешто како ова:

– Да, разбирам дека ти се чини дека никогаш не ти дозволувам… Но, вистината е дека понекогаш ти дозволувам, понекогаш не (ова е упатување на рамнотежата што постои во тоа дозволување и недозволување). Но, за оваа ситуација сега, ти си во право. Не ти дозволувам и разбирам дека не си многу среќен поради тоа (разбирање на детскиот поглед на ситуацијата).

И тоа е тоа. Останувате на одлуката, ако мислите дека е исправна.

Како што досега многупати нагласивме, а овој совет го потврдува тоа, родителството со разбирање НЕ е такво во кое се согласувате да ги исполните сите желби на децата. Нежното родителство е всушност она во кое ги одржувате границите, но истовремено му покажувате на детето дека разбирате дека ги гледа работите поинаку. Сепак, тоа не значи дека ги менувате вашите одлуки.

– Да, те разбирам, разбирам дека тоа прави да се чувствуваш лошо. И не, нема да ја променам мојата одлука ако плачеш и викаш и се лутиш – И тоа е сета мудрост.

Извор



912

X