Еден важен аспект од личноста на детето е поврзан со нешто што се нарекува темперамент. Темпераментот се однесува на предиспозицијата на личноста да дејствува и да реагира на одредени начини, врз основа на карактеристиките на личноста кои се присутни при раѓањето. Така експертите дошле до два термини – интровертност и екстровертност.

Но, честопати не е толку лесно за многу родители да препознаат дали нивното дете е интроверт или екстроверт. Доколку малечкото е многу разиграно, дружељубиво и отворено во комуникацијата со другите луѓе, без разлика дали се работи за неговите врсници или не, голема е веројатноста да биде екстроверт. Еве ги знаците што укажуваат на тоа.

Како што објаснуваат психолозите, екстровертното дете обично е полно со енергија и ужива да прави работи со своите родители. Тоа, исто така, ужива во интерактивни игри и често е „главно“ меѓу своите врсници. На овој начин детето не ужива да си игра само, а што се однесува до стилот на учење, најдобро учи преку интеракција и разговор со другите.

Освен тоа, екстровертното дете лесно може да се препознае по тоа што едноставно сака да го поминува времето во голема група луѓе, за разлика од интроверт кој секогаш претпочита дружење со тесен круг на пријатели или познајници.

Извор



912

X