Воспитување

Дали треба да го поправате детето ако не може да ја каже „р“?

Кога почнуваат да зборуваат, сосема е нормално децата да пелтечат и да не можат да ги изговорат сите гласови. Како се развива говорот на детето е индивидуална работа, но факт е дека денес има многу деца што имаат проблеми со говорот.

Експертите предупредуваат дека децата почнуваат да зборуваат сѐ подоцна, а извештаите покажуваат и дека голем број првачиња не можат да ги изговорат сите гласови. Знаејќи го сето ова, можеби ќе бидете загрижени ако вашето дете не може да каже некои гласови.

Пред да почнете да се грижите, еве приближна возраст на која детето треба да научи одредени гласови/букви:

Од првата до втората година од животот – А, О, Е, П, Б

Од втората до третата година – И, У, Ф, В, T, Д, Н, Њ, M, K, Г, Х, J

Помеѓу 3,5 и 4,5 години – С, З, Ц, Ш, Ж, Л, Љ

Помеѓу 4,5 и 5 години – Ч, Ќ, Џ, Ѓ, Р.

Логопедите велат дека до петтата година детето треба да може правилно да ги изговара сите гласови, вклучително и Р и Л, кои обично се проблем за малите. И ако детето не знае да ги изговори, дали треба да го поправите? Логопедот Сју Керолајн го има одговорот на ова прашање.

-Ако детето не изговара правилно некои гласови што сте слушнале дека можело да ги изговори претходно, но не секогаш добро ги изговарало, сосема е разумно да побарате да го повтори зборот – не како казна, туку отворено и на пријателски начин, со пофалби за обидот, а уште повеќе за успешен обид, што значи со охрабрувачки пристап и пофалба за напорот – вели таа.

Таа посочува дека секогаш можете да го направите следното.

-Една работа што секогаш можете да ја направите, без разлика дали детето може да изговори некои гласови или не, е да го „нахраните“ со правилниот изговор без да барате од него да го повтори. Ако слушнете погрешен изговор, секогаш можете правилно да го повторите зборот, нагласувајќи ги проблематичните звуци. Ова го подготвува детето да научи правилно да го изговара гласот или да работи со експерт – заклучува Керолајн.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top