Едно често прашање на новите родители е: Дали моето бебе е добро бебе? Оваа вообичаено значи дали бебето е задоволно и спие добро?

Како што можете да замислите, колку добро спие бебето е една од првите работи според кои луѓето ги оценуваат новите родители. Значи, не е изненадување што сонот на доенчињата е голема грижа и тема на разговор за многу семејства.

Во западните земји се појави нова индустрија на тренери/консултанти за спиење на бебиња кои на родителите им нудат помош во учење на бебињата да спијат сами во креветчиња во текот на цела ноќ.

Но, оваа идеја за бебињата да спијат сами не е вообичаена насекаде во светот и е многу различна од тоа како бебињата спиеле во поголемиот дел од човечката историја.

Пред 19 век новите родители во Обединетото Кралство не се грижеле многу за спиењето на доенчињата. Семејствата, вклучувајќи ги мајките и бебињата, често спиеле блиску едни со други. На овој начин, ако бебето се разбуди ноќе, имало некој што ќе се погрижел тоа да продолжи да спие.

Ова се промени со Индустриската револуција. Се појавија повеќе семејства од средната класа, а независноста стана поважна. Подолгите работни часови го направија непрекинатиот сон попожелен, а повеќе родители почнаа да живеат подалеку од своето пошироко семејство. Денес, советите за родителство често ги нагласуваат строгите распореди за спиење и бебињата да спијат сами за да промовираат независност. Сепак, важно е да се запамети дека ова не било секогаш норма и сè уште не е во многу делови од светот.

Спиењето на бебето со родителите останува контроверзна тема, но вообичаена практика на родителство. Некои експерти предупредуваат да не се спие со бебето до пред 6-месечна возраст, поради синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS), додека други тврдат дека има потенцијални придобивки за развојот на децата. Постојат многу причини поради кои родителите го делат креветот со нивното бебе, но за некои тоа е нивниот единствен начин да се справат со прекумерниот умор и честото ноќно будење на доенчињата.

Сепак, постојат малку научни докази за психолошките ефекти од спиењето на децата со родителите врз самите деца. Истражувачите не можат да спроведат експерименти на оваа тема со тоа што ќе побараат од една група родители да го делат креветот, додека од друга група да не го прават тоа бидејќи ова е личен избор за родителство. За да се одговори на ова прашање, најдобриот пристап се набљудувачките проспективни лонгитудинални студии. Овие студии ги следат децата со текот на времето, забележувајќи различни мерки за нивниот емоционален и бихевиорален развој од раното детство до подоцнежните години.

Дали спиењето со родителите влијае врз психолошкиот развој на бебето?

Одговорот на ова прашање е целта на неодамнешното истражување на Ајтен Билгин, професорка по психологија на Универзитетот во Есекс. Таа користела податоци од милениумската кохортна студија во Обединетото Кралство, во која биле следени 16.599 деца од 9-месечна до 11-годишна возраст.

Родителите пријавиле дали го делат креветот со своите бебиња на 9 месеци. Од нив било побарано да пријават дали забележале знаци на депресија и анксиозност (наречени „интернализирачки симптоми“) и агресија и хиперактивност (наречени „екстернизирачки симптоми“) кај нивните деца на возраст од 3, 5, 7 и 11 години.

Во истражувањето, научниците можеле да го земат предвид влијанието на неколку важни варијабли кои би можеле да се поврзат со делењето на креветот со родителите, како што е психолошката вознемиреност на мајката, социо-економскиот статус на родителите, родителските верувања, доењето и фреквенцијата на ноќното будење на доенчињата.

Истражувањето не покажало врски помеѓу споделувањето кревет на 9 месеци и траекториите на интернализирање или екстернализирање на симптомите во детството. Други карактеристики кои се поврзани со споделување на креветот, како што се ниското образование на родителите и психолошката вознемиреност на мајката, биле поврзани со овие траектории на симптомите. Така, веројатноста за припадност во интернализирање и екстернализирање на траекториите на симптомите се објаснува со други фактори поврзани со споделувањето на креветот, а не со самото споделување на креветот.

Ова откритие е смирувачко за родителите кои се грижат за тоа како делењето на креветот може да влијае врз психолошкиот развој на нивното дете. Понатаму, се усогласува со претходно истражување, кое открило дека делењето кревет со родителите не влијае врз формирањето сигурна приврзаност помеѓу мајката и доенчето.

Важно е да се препознае дека делењето кревет може да биде префериран избор за некои родители од различни причини. Тие можат да се уверат дека сѐ додека се почитуваат безбедносните мерки, споделувањето на креветот веројатно нема да влијае врз емоционалниот и бихевиоралниот развој на детето.

Извор



912

X