Пубертетот е „незгодна“ тема воопшто – но не треба да биде. Митовите поврзани со пубертетот им отстапија место на штетните идеи, без да ги валидизираат различните промени што брзо ги доживуваат тинејџерите и тинејџерките. Сепак, треба да истакнеме точни увиди полни со поддршка кои го слават растот на младите луѓе. Тоа е возбудливо време за родителите и нивните деца, ако дозволиме така да биде.

Алиша Вудал, лиценциран советник, која работела со адолесценти, истражува некои заблуди за пубертетот кај припадниците на црната раса и како тие може да се разликуваат од другите расни или етнички групи. „Мислам дека е интересно, од културна перспектива, очигледно различните култури имаат различни културни норми“, вели таа. „Кога зборувате за пубертетот, мислам дека историски, во нашата заедница, ние не зборуваме толку многу за нашите чувства и промените што ги доживуваме“.

Вудал забележува дека има мала промена во начинот на кој се разговара сега за пубертетот во споредба со претходните генерации. „Треба да се биде отворен и да се прифати фактот дека културите и работите во општеството се изменети и променети. Можеби не се такви какви што беа за нас во 90-тите години“, вели таа. „И така навистина им дава простор на децата да дишат и да бидат љубопитни и да поставуваат прашања. Не можам доволно да го истакнам тоа. Мораме да бидеме спремни да разговараме со нашите деца и да создадеме простор за тие да дадат сигурни одговори“.

Постојат голем број последици за несоодветна поддршка на природниот раст на децата. Д-р Џесика Веб Јанг вели: „Како педијатар, тоа е точката што секогаш ме загрижува, ако децата ја немаат таа поддршка, многу е поголема веројатноста да искусат симптоми во согласност со нарушувања на менталното здравје“. Па потоа може да следуваат и проблеми со самодовербата. „Ако ја немаат таа поддршка од нивната семејна структура, ако немаат уверување, тогаш тоа навистина може негативно да се одрази во врска со нивната самопочит – нешто што повеќето адолесценти веќе природно го доживеале“, вели д-р Јанг. „Немањето поддршка од семејството може да има долгорочни ефекти и во текот на нивниот живот“.

За среќа, и обратното е точно. Увидот на д-р Јанг се рефлектира во начинот на кој Шани Елис, родител на 10-годишно девојче, се движи низ овој нежен период од животот на своето дете.

Раскажува дека нејзиното искуство со пубертетот се разликува од она на нејзиното дете. „Се сеќавам дека прво научив за пубертетот на училиште и само разговарав за тоа со моите пријатели“, рекла таа. Уверувајќи се дека разговорот започнува дома, таа вели: „Сега зборувам со ќерка ми додека гледам дека работите се појавуваат или зборувам за работи што на крајот секако ќе се случат. Мојата ќерка е на возраст кога може да добие менструација секој ден, па навистина сакам таа да биде подготвена и да не биде шокирана од сите овие промени“.

Елис, исто така, сака да ја одржи отвореноста во однос на тоа како тие зборуваат една со друга. „Нема секогаш да биде совршено, но мојата главна цел е таа да знае дека сите овие промени и чувства се нормални и дека заедно ќе ги надминеме“.

„Мислам дека најдобриот извор би бил да го прашате вашето дете и да бидете отворени, за да слушнете што тоа има да каже. Можеби не ни се допаѓа секогаш она што е кажано, но понекогаш треба да размислуваме во насока повеќе да слушаме отколку да зборуваме и да им држиме предавања на децата“.

Автор: Вана Томпсон

Извор



912

X