Колку пати сте се обиделе да му го одвлечете вниманието на детето кога правело нешто што не е прифатливо? Веруваме дека ова е методот што повеќето родители го користат во многу ситуации во секојдневниот живот, несвесни дека нема да постигнат ништо позитивно на долг рок.

Ова е метод на воспитување што многу родители го применуваат, дури и не сфаќајќи колку всушност грешат. Овластениот советник за родители Тања Хрватин Шимишиќ од Хрватска наведува неколку примери од секојдневниот живот на повеќето семејства кои најдобро ги опишуваат ситуациите во кои родителите му го одвлекуваат вниманието на детето. Одвлекувањето на детето од она што го вознемирува се чини како вистински спас кога тоа прави нешто што не сакаме да го направи. Но, всушност, ваквиот пристап во најмала рака е неправилен и штетен да долг рок.

Треба да знаете дека одвлекувањето на вниманието во моментот на непожелно однесување и пренасочување на вниманието по поставената граница не се исти.

Ова се само некои од примерите на Тања, кои совршено покажуваат дека насочувањето на вниманието на детето на нешто друго нема да доведе до позитивни резултати.

– Кога детето плаче и ние почнуваме да му покажуваме бубачки, бонбони, играчки и го скокоткаме.
– Кога детето ќе допре нешто што не сакаме, па ние брзо ќе му кажеме: „Види го, види го ова!“
– Кога детето оди во друга насока, а ние ќе му кажеме: „Види, еве го мачето, дојди, види го!
– Кога детето е тажно, а ние ќе му кажеме, на пример: „Види, балон!“

Но, зошто одвлекувањето на вниманието на детето не е добро?

Зошто нема да доведе до позитивни резултати иако во тие моменти ни се чини дека вродува со плод?

– Детето заслужува да знае дека не смее да направи нешто. Во спротивно, ќе го повтори истото.
– Ќе реагира бурно, но конфликтите што соодветно ги решаваме се неопходни за неговиот развој.
– Одвлекувањето на вниманието не го учи да го решава проблемот, туку да го избегнува.
– Расеаноста во голема мера го поттикнува невниманието на детето.
– Ако сакаме посталожено, помирно, поодговорно дете, тогаш мора внимателно да размислиме како го користиме одвлекувањето на вниманието.

Тања вели дека најголемиот проблем е што родителите претежно се плашат од реакцијата на детето, па затоа го менуваат неговиот фокус што е можно поскоро, без претходно да имаат утврдено ограничување! Дури имало и истражувања за ситуации што укажуваат на тоа дека одвлекувањето на вниманието само по себе е лош метод. Имено, тие испитале како воспитувачите се однесуваат кон децата што плачат кога ќе пристигнат во градинката и се одделени од своите родители. Кога воспитувачката ќе му речела на детето: „Вонземирен си затоа што тато си заминува, но тој ќе дојде по ручекот“, децата се смирувале и се приспособувале побрзо отколку во случаите кога воспитувачката го користела одвлекувањето на вниманието на детето од некои ситуации и играчки за да се смири што е можно побрзо.

Јасно е колку е важно во такви ситуации да се прифати однесувањето на детето и да се постави граница, и само тогаш да се понуди алтернатива на нешто друго што може да се направи ако нешто не е дозволено.

Извор



912

X