Постојат многу причини за сериозно да размислите за поттикнување на оптимизмот кај вашето дете, вклучително и долгорочни позитивни ефекти врз неговиот ментален и физички развој. Но, како да одгледате оптимист? Пробајте ги овие шест чекори и гледајте како оптимизмот се шири низ домот.

1. Престанете да се жалите

„Нема шанси да завршам сѐ додека не дојдат гостите! Како мислиш да ги завршите сите домашни задачи?! Нема шанси да го постигнеш сето тоа!“ Фокусирањето на негативните мисли и фрустрации е класичен песимизам. Колку повеќе се жалите дека немате доволно пари или сте имале тежок ден, толку е поголема веројатноста вашите деца да бидат склони кон истата навика. Наместо тоа, фокусирајте се на работите што сте ги направиле добро тој ден.

„Денес отидов во поштата и наидов на многу љубезна службеничка, навистина ми помогна.“

„Го завршив проектот на работа и среќна сум што така испадна.“

Идеја: Секој член на семејството во текот на вечерата може да каже што е најдоброто нешто што му се случило дента и зошто. Овој фокус на позитивните работи придонесува за развој на оптимизмот.

2. Имајте високи очекувања

Кога детето ќе биде на возраст од три или четири години можете да почнете да барате од него да заврши некои задачи. На пример, можете да залепите картички на вратата од собата кои ќе покажат кои се утринските задачи – одење во тоалет, миење на рацете, местење на креветот, облекување. Децата нема да можат да развијат оптимистички став ако не добијат можност да покажат дека вредат. Ако му доверите на вашето дете одредени задачи, тоа ќе се чувствува способно. Овие задачи, секако, мора да бидат соодветни на возраста, бидејќи поентата е детето да биде успешно во задачата.

Така, двегодишно дете може да ги собере играчките, тригодишно дете може да стави валкани алишта во корпата, четиригодишно дете може да ги собере валканите чинии од масата, петгодишно дете може да го извади ѓубрето, а шестгодишно дете може да сортира алишта.

3. Охрабрете го детето да ризикува (разумно)

Секој родител води борба со сопствената потреба да го заштити детето од каква било повреда. Дали се работи за физички повреди поради кои ги следиме двегодишните деца на секој чекор, да спречиме и најмала гребеница или станува збор за повреди кои произлегуваат од исмевање на пријателите. Природно е родителот да сака да го заштити детето. Но, ако го обесхрабрите да преземе и најмал ризик за да не биде повредено, вие всушност го поттикнувате песимизмот кај вашето дете.

Дозволете му на вашето четиригодишно дете да си игра само во дворот или да оди на еднодневна екскурзија со другарите од градинка. Како што одминува времето, охрабрете го да презема ризици, како што е качување на карпа или спиење кај другарче. Се разбира, само ако сакате да се врати дома со гордост во очите и да каже: „Мамо, го направив тоа!“

4. Помогнете му да се избори

На рана училишна возраст децата лесно да се откажуваат и се карактеризираат себеси како лоши во нешто. „Не сум добар во математика“, „Лош сум во фудбал“, „Не сум доволно паметен“, „Не можам добро да цртам“. За да спречите такви песимистички заклучоци, обидете се да го промените аголот на гледање на вашето дете. За да ги обликувате неговите мисли во попозитивни, можете да кажете: „Учењето нов спорт може да биде тешко на почетокот.“ „Знам дека не можеш да го кажуваш времето од часовникот сега, но ќе научиш.“ Посочете му на вашето дете дека не е единственoто со таков проблем. „Ми беше многу тешко кога почнав да учам да споделувам работи со другите“, „Повеќето од твоите другари сè уште не знаат како да гледаат на часовникот.“ Помогнете му да ја задржи самодовербата потсетувајќи го на друга вештина што лесно ја совладал. „Се сеќаваш дека не знаеш да читаш, но проба и види сега!“

5. Бидете реални

Замислете, на пример, дека сте се преселиле и дека вашето дете го сменило училиштето. На почетокот сигурно ќе му биде тешко да се вклопи и да најде пријатели, а може да дојде потиштено од училиште и да се жали дека седи само на одморите. Веројатно ќе сакате да му кажете дека има многу другарчиња од старото училиште и дека во новото училиште, кога ќе видат колку е добро, паметно и интересно дете, сите ќе посакаат да се дружат со него. Но, немојте. Детето ќе сфати дека вашата единствена желба во тој момент е да го поштедите од болката. Иронично, уверувањето на детето дека сè ќе биде добро понекогаш може да има спротивен ефект од она што сакате да го постигнете. Затоа што оптимизмот не значи позитивно, туку реално размислување.

Тогаш, како треба да постапите во оваа ситуација? Седнете со детето и објасни му, искрено, дека никому не му е лесно менувањето на околината и дека е потребно време за стекнување нови другари. Однесете го детето на игралиштето во близина на новото училиште каде што ќе може да запознае ново другарче. Реалното размислување со некои добри и искрени совети ќе даде далеку подобар резултат од празната утеха.

Извор



912

X