Како што се приближува крајниот термин, телото само се подготвува за породувањето. Сепак, понекогаш работите не одат како што треба, па потребно е малку да ги „турнеме“.

Човечкото тело е чудесно, а особено женското тело. Породувањето е прекрасно и нема сомнеж во тоа. И телото обично прави сè самостојно. Така, тивко и мудро се подготвува за породувањето. Подготовката често се контракциите, па доаѓа до спуштање на бебето подолу во карлицата, а подоцна бебето ја врти главата надолу, што е природна положба за породување.

Но, некогаш бебето останува во карлична положба и ова се случува кај околу 3 до 4 отсто од бременостите. Иако теоретски е можно мајката да се породи вагинално кога бебето е свртено надолу, таков исход се избегнува и се препорачува царски рез.

Сепак, можете да се потрудите да го свртите бебето на правилната страна. Не постои гаранција дека ова е изводливо, но можете да се обидете да направи сé што е можно за да го свртите бебето на правилната страна. Постојат вежби, положби за спиење и други активности кои можат да помогнат при вртењето, освен опциите што може да ги предложи вашиот лекар.

Важно е да се напомене дека треба да разговарате со вашиот лекар пред да пробате што било.

Дали положбата на спиење може да помогне?

Иако не постои научен доказ кој би потврдил дека некоја поза за спиење може да се користи како метод за вртење на бебето на грб, некои експерти предлагаат да спиете настрана со перница меѓу нозете за бебето да има повеќе простор. Дополнително, оваа положба може да биде полесна ако чувствувате болка во долниот дел на грбот или нозете.

Дали со вежбање може да се сврти бебето?

Некои вежби можат да му помогнат на бебето да се сврти. Тоа се:

Навалување на карлицата – ова може да помогне да се сврти бебето.

Пешачење – го поттикнува движењето на бебето додека ги релаксира ткивата и сврзното ткиво што ја поддржуваат матката и карлицата.

Клекнување со скок – може да биде корисно.

Сепак, задолжително прво разговарајте со вашиот лекар за каква било вежба или физичка активност.

Други начини за вртење на бебето

Иако не постојат докажани начини за да го свртите бебето на грб, вашиот лекар може да го предложи следново:

Музика – ако забележите дека вашето бебе реагира на звук или музика, пуштете некаква мелодија.

Надворешна ротација – ова може да го направи само лекар, по 37. недела. Станува збор за техника на физичка манипулација која може да се користи за рачно вртење на бебето. За време на оваа процедура, лекарот го притиска стомакот со рацете за да се обиде да го натера бебето да се сврти. Но, ова не се препорачува кај сите трудници. Не смеат да го прават трудници со повеќе од еден плод и оние со различни компликации.

Што ќе се случи ако бебето не се сврти?

Повеќето лекари предлагаат царски рез како мерка на претпазливост. Ризиците од обидот за вагинално породување вклучуваат компликации и проблеми со папочната врвца, поради што лекарите ќе се одлучат за царски рез.

Извор



912

X