Гумите за џвакање што се рекламираат дека се „без шеќер“ треба да се набљудуваат од повеќе аспекти:


Гумите за џвакање што содржат ксилитол се докажано корисни. Многу студии покажале дека оваа природна полиалкохолна замена за шеќер не само што ги лишува бактериите од шеќерот и со тоа го спречува штетното дејство, туку и директно влијае врз забниот плак. Во сите студии е забележано значително намалување на кариесот. Една студија од САД покажала дека ако трудниците користеле гуми за џвакање со ксилитон во бременоста и по породувањето, нивните деца имале значително помалку расипани заби. Но, таквите хранливи гуми за џвакање се поскапи и ги нема во регионот.

Таквите гуми за џвакање мора да ја имаат таа состојка назначена на прво место. На пазарот во голем дел од гумите за џвакање состојката се злоупотребува, бидејќи ја има во минимални количини. Основната супстанција во рекламираните гуми за џвакање е исто така природен шеќер сорбитол, за кој нема доказ дека го намалува кариесот, а постојат и одредени сомнежи за можното штетно дејство врз здравјето. Сепак, оваа гума за џвакање го поттикнува лачењето на плунката.


Ксилитолот овде е присутен во неефикасни количини и тоа зад многу проблематичниот аспартам – синтетички засладувач. Аспартамот упорно го форсира индустријата, потиснувајќи ја здравствената професија, која пак упорно докажува дека се работи за супстанција опасна за здравјето. Пред десетина години имало обврска да се назначи дека е штетно да се применува на температури над 30 Целзиусови степени (во усната шуплина е 37), бидејќи се разложува на штетно соединение формалин кое е канцерогено. Тоа е сега укинато. Инаку, аспартманот се наоѓа во сите газирани пијалаци и други вештачки напивки и во многу други намирници. Погледнете ги само декларациите за составот.


Ако се користат гуми за џвакање, треба да се џвакаат по оброкот бидејќи поттикнуваат лачење на плунка богата со пуфери (ги неутрализираат киселините) и одбранбени фактори. Пречестото џвакање, особено помеѓу оброците, може да им штети на зглобовите на вилицата.

Заклучок:


Гумите за џвакање по оброк може да бидат од голема помош во превенцијата на кариесот ако се природни, ако содржат ксилитол и не содржат штетни материи како аспартам. Останатото е патување во неизвесно.

Автор: д-р Јован Војиновиќ/стоматолог

Извор



912

X