Децата сѐ почесто страдаат од разни алергии, а најчести детски алергии се атопичен дерматитис, контактен дерматитис, уртикарија и алергија на храна. Многу родители ги интересира дали нивното дете ќе има алергија доколку и тие имаат, а еве што велат педијатрите.

– Тенденцијата за развој на алергии навистина може да има генетска компонента. Не можете директно да пренесете специфична алергија на детето, но ако, на пример, мајката има многу алергии на полен или на растенија, детето може да развие некоја форма на алергиска болест – вели педијатарот Самата Камиреди.

Претходните студии откриле дека постои врска помеѓу генетиката и веројатноста за развој на алергии кај детето. Ако еден од родителите има алергија, веројатноста за појава кај детето е 50 проценти поголема. Ако ја имаат и двајцата родители, веројатноста дека детето ќе биде алергично се искачува на 75 проценти, што е многу значајна бројка.

– Алергиите на храна и алергени од околината се поверојатни кај луѓето што имаат семејна историја на алергии – објаснува Џералд Ли, педијатриски алерголог и имунолог. „На пример, ако имате брат или сестра со алергија на кикиритки, ризикот се зголемува седум пати. Ист е случајот со идентичните близнаци кои имаат 64 проценти усогласеност во тоа што и двајцата се алергични на кикиритки“.

Иако некои алергии можат да бидат наследни, на лекарите им е тешко да знаат точно колкав процент од алергиите се чисто генетски.

– И покрај фактот што гледаме дека алергиите се јавуваат почесто во некои семејства, во овој момент сè уште има ограничени податоци за наследноста и генетските причини за овие набљудувања“, вели Кимберли Кинг-Спон, директор за генетско советување во „Wellstar“. Дури и ако генетиката го прави детето предиспонирано за алергии, други фактори можат да влијаат врз неговата алергиска реакција. Тоа се климатски промени, инфекции, состојбата на имунолошкиот систем, земање одредени лекови, па дури и навики за спиење.

Што можат да направат родителите?

Иако тоа не е можно во сите случаи, ризикот од одредени алергии сепак може да се намали. Имено, за време на бременоста и при доење жените треба, според советите на педијатарот, да го ограничат консумирањето на таканаречените алергени намирници (цитрусно овошје, црвен зеленчук, јаткасти плодови) и на овој начин да се обидат да го спречат влошувањето на алергиската реакција.

Додека го хранат детето, родителите секогаш треба да ги следат реакциите на новата храна и да реагираат на какви било промени – како што е исип, а други работи кои помагаат во зајакнување на имунитетот се редовните спортски активности и здравата исхрана.

Извор



912

X