Здравје

Дали чилито може да го намали ризикот од гестациски дијабетес?

Новото истражување на Универзитетот во Бафало сугерира дека додавањето малку чили во вашата исхрана може да биде една од оние мали промени кои лесно се прават – со можна поврзаност со намален ризик од гестациски дијабетес.

Што е гестациски дијабетес?

Гестацискиот дијабетес е состојба која влијае врз начинот на кој телото го обработува шеќерот за време на бременоста. Обично се тестира во второто тримесечје и иако често е привремен, може да доведе до компликации ако не се контролира – вклучително и зголемена родилна тежина на бебето или предвремено раѓање. Исто така, ГД може да ја зголеми веројатноста за развој на дијабетес тип 2 подоцна во животот.

Каква е поврзаноста со чилито?

Студијата на Универзитетот во Бафало, објавена во списанието „Нутритиенти“, анализирала податоци од 1.397 бремени жени од целата земја. Истражувачите проучувале колку често учесниците консумирале одредени оброци на база на грав – вклучително и сув грав, супа од грав и чили – и како тоа влијаело врз нивниот ризик од развој на гестациски дијабетес. Резултатите покажале интересен тренд: чилито се истакнало како клучна состојка. Студијата покажа дека бремените жени кои консумирале чили приближно еднаш месечно, имале значително помала стапка на гестациски дијабетес – 3,5 % во споредба со 7,4 % за оние што никогаш не јаделе.

Сепак, интересно е што почестото консумирање чили не го покажало истото заштитно дејство. Истражувачите мислат дека ова може да биде поврзано со начинот на кој се подготвува чилито – особено затоа што некои рецепти содржат многу црвено месо, кое е поврзано со зголемен ризик од гестациски дијабетес.

Зошто чилито може да помогне?

Студијата не идентификувала една специфична состојка како главна причина за овој потенцијален ефект, но постојат научни теории кои го објаснуваат можниот механизам:

Капсаицинот – соединението кое им дава лутина на чили пиперките, може да го подобри начинот на кој телото го обработува шеќерот. Иако се потребни дополнителни истражувања – особено во бременостаа, некои студии покажале дека капсаицинот може да поддржува подобро регулирање на нивото на гликоза во крвта.

Гравот, честа состојка на чилито, е богат со отпорен скроб и фенолни соединенија, кои се поврзани со подобрена регулација на шеќерот во крвта. Овие супстанции можат да ја забават апсорпцијата на гликозата и да ја зголемат чувствителноста на инсулин.

Потемните сорти на грав, како што се црниот и црвениот, се особено богати со овие соединенија. Влакната од гравот и зеленчукот во чилито може да помогнат да се стабилизира шеќерот во крвта и да се поддржи дигестивното здравје – што е важно за време на бременоста.

Како да направите чили погодно за бременост?

Ако сакате да го внесете чилито во вашата исхрана за време на бременоста, еве неколку совети како да го направите да функционира за вас:

Започнете со благи вкусови

Ако не можете да толерирате зачинета храна, побарајте рецепти со благи зачини или користете помалку лути пиперки, додавајќи топли зачини како ким или пиперка.

Балансирајте го вашиот оброк

Направете чили со повеќе грав и зеленчук и намалете ја количината на црвено месо и заситени масти.

Однапред подгответе поголеми количини

Чилито е одлично јадење што може да се подготви однапред и да се чува во фрижидер – идеално решение за деновите кога немате време за готвење.

Вклучувањето на чилито во вашата исхрана еднаш месечно не само што може да додаде побогат вкус на вашите оброци, туку и потенцијално може да го намали ризикот од гестациски дијабетес – особено ако е подготвено со хранливи состојки. Сепак, важно е да се забележи дека овие наоди се засноваат на набљудувачки студии. Потребни се дополнителни истражувања за да се потврди причинско-последичната врска помеѓу потрошувачката на чили и намалениот ризик од гестациски дијабетес.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top