Со оглед на паниката што кружи меѓу луѓето за штетноста од зрачењето на безжичните слушалки врз мозокот, еве го ставот на американските научници во врска со оваа тема.

Во последно време, јавноста постојано зборува за блутут-слушалките и нивното зрачење. Во многу написи се тврди дека тие мали уреди практично ја туркаат цела радијација во нашиот мозок, а често ги поврзуваат и со појавата на рак на мозокот.

Меѓутоа, можеби не би требало да создаваме паника пред да ги погледнеме фактите.

Дали блутут-слушалките се безбедни за нашето здравје?

Накратко, одговорот е – да. Блутут-слушалките прават помала дистанца од другите уреди. Тоа значи дека трансферот на сигналот има многу помала дистанца (да кажеме, 10 метри). Додека тие емитуваат зрачење, нивото на емисија всушност е значително помало отколку зрачењето на вашиот мобилен телефон.

Дали блутут-зрачењето е штетно?

Зрачењето од вашиот блутут-уред е на многу ниско ниво, па научниците покажале дека тие нивоа всушност се побезбедни отколку која било друга опција. Ќе ги имате истите можности што ги добивате од мобилниот телефон или од некој друг уред, но не ќе мора да се грижите за зраците што се движат околу вас.

Науката за блутут-зрачењето

Организации, меѓу кои и американскиот Центар за контрола и превенција на болести, реализирале многу истражувања за зрачењето на уредите. Тие следеле како влијае зрачењето врз телото и умот. Исто така, обрнале внимание и на прашањето дали тоа предизвикува болести.
Секој од тие центри покажал дека зрачењето предизвикува здравствени проблеми. Го детектирале кај многу уреди што ги користиме. Дополнително, укажале и на кои начини можеме да ја намалиме количината на зрачење околу себе.
Тие покажале дека постои зрачење и кај блутут-слушалките, но и дека тоа има многу помалку дополнителни ефекти.

Блутут-зрачење или зрачење од мобилен телефон

Во секој случај, оваа битка ја добива блутутот. Причината е што произведува илјада пати пониско зрачење споредено со зрачењето од мобилниот телефон. Сите организации предложиле користење на блутут-слушалки наместо телефон.
Кога ќе го споите телефонот со слушалката, вие всушност ја држите антената подалеку од својата глава. Со самото тоа радијацијата е значително помала, па помали се и шансите да дојде до развој на некое заболување.

Забелешки од стручњаците

Кен Фостер, професор по биоинженерство од Универзитетот во Пенсилванија, исто така го истакнал фактот дека блутут-слушалките емитуваат зрачење. Сепак, треба да се има на ум дека постојат одредени стандарди на безбедност од радијација кај уредите што се произведуваат. Фостер истакнал и дека приемникот на радиобранови не влегува во внатрешноста на ушниот канал, туку е надвор, зад увото.
И тој го потврдил фактот дека мобилниот телефон емитува значително посилно зрачење, но истакнал и дека сте безбедни ако го користите умерено. Се разбира, ако го користите со часови за слушање музика и слично, таа изложеност на зрачење ќе се зголеми.

– Не можам да речам дека не постои апсолутно никаков проблем со овие уреди бидејќи луѓето секогаш можат да расправаат дека не постои доказ дека се сто отсто нештетни. Исто така, не можам да им кажам на луѓето и да не се грижат, но јас лично немам апсолутно никаква грижа – истакнал Фостер.

На крај професорот додал уште еден факт: „Всушност, ако шетате наоколу со слушалки во ушите и ако излезете пред автомобил, тоа е многу поопасно отколку можноста за некаков теоретски тумор за 20 години. Подобро е да обрнете внимание на тоа.“



912

X