Во 90-тите години владееја сипаниците. Постојат истражувања што докажуваат дека доенчињата пораснати во домови со домашни миленици имаат помала веројатност да развијат алергии. Но, исто така се вакцинираме, ги миеме рацете и носиме маски.

Дали изложувањето на бебето на бактерии е добро или лошо за неговото здравје?

Педијатрите се согласуваат дека најдобриот пристап е да се вакцинирате против сериозни болести. Секојдневниот живот одлично ќе го изгради имунолошкиот систем на вашето дете.

Дали бактериите се добри за бебињата?

Дали бебињата треба да се разболат за да изградат имунитет? Во медицинскиот свет ова всушност се нарекува хипотеза за хигиена, идејата дека изложеноста на бактерии во детството всушност помага да се развие имунолошкиот систем на бебето.

– Ова е тешко прашање бидејќи е вистина – изложеноста на бактерии го стимулира нашиот имунолошки систем. Како педијатар, сепак, би советувал вакцинација. Како родител, никогаш намерно не би го изложил моето дете на бактерии, но секојдневното изложување на бактерии е добро. Ако некоја болест не е опасна за живот, можеме да му дозволиме на имунолошкиот систем да се справи со тоа и да се развива сам – вели педијатарот Рандолф Торнтон од детската болница „Волфсон“.

Дали треба да го изложам моето бебе на бактерии?

Дали изложувањето на бактерии го гради имунитетот? Да. Дали треба да го изложувате вашето бебе на болни луѓе? Дефинитивно не, според експертите.

– Не би се обидел намерно да изложам бебе на бактерии. Ова ќе се случи природно додека детето расте живеејќи го својот секојдневен живот – вели педијатарот Пејли Сонг.

– Најдобар начин да се изгради имунолошки систем на детето е да се продолжи со вакцините, вклучително и вакцините против грип и ковид-19 – додава Сонг.

Торнтон истакнува дека во просек, бебињата имаат 8 до 10 настинки во првата година од животот (дури 15 ако одат во градинка) така што, може да се каже дека ќе наидат на мнoгу бактерии.

Кога можам да го изложам моето бебе на бактерии?

Иако не се препорачува намерно изложување на бебето на бактерии, кога е во ред тие да бидат покрај други болни деца? За вработените родители кои се потпираат на градинките или за семејства со постари деца веќе на училиште, прашање на време е кога нивното бебе ќе дојде во контакт со бактерии.

– Пред бебето да наполни 2 месеца, ако е болно со температура, тоа е итен случај. Им велам на родителите да се држат настрана од болните деца и да не ги изнесуваат во толпи луѓе. Тоа е најризичната возраст, а до една година и понатаму е ризик, но не толку голем како првите два месеца – вели Торнтон.

– По два месеца многу помалку се грижиме дали бебињата ќе се разболат. Силно би го охрабрил вакцинирањето – вели Сонг.

Како можете да го подобрите имунолошкиот систем на бебето?

Двајцата педијатри ја истакнаа важноста од вакцинирање за тешки болести. Што се однесува до одржувањето на имунолошкиот систем на вашето малечко, му требаат истите работи што ги прават и возрасните.

– Тоа е секогаш големата тројка: добро јадење, добро спиење и вежбање, што за бебињата значи само да им се дозволи да бидат активни и да добијат свеж воздух. Ако сме исцрпени и изморени, се разболуваме. Едноставните работи најмногу се исплаќаат. Ако се постари и пребираат јадење, можеби мултивитамините се добра идеја – вели Торнтон.

Значи, изложувањето на бебето на бактерии не треба да биде приоритет за родителите. Одржувањето здрави и справувањето со настинките како што ќе дојдат (а ќе дојдат) е пристап одобрен од лекар.

Извор



912

X