Влегувајќи во второто тримесечје од бременоста, трудницата може да чувствува клоцање од бебето, превртување, па дури и кога ика.

Но дали бебињата можат да плачат и пред да се родат?

Иако трудниците не можат да го почувствуваат тоа, истражувањата покажуваат дека бебињата се подготвуваат за оваа голема активност пред да го вдишат првиот воздух. Технологии за ултразвук ни дозволуваат да погледнеме во матката и да ги набљудуваме фетусите додека сѐ уште се развиваат.

На пример, видео објавено во журналот „Архиви од болести во детството – фетална и неонатална едиција“, во 2005 година, покажува 33. неделен фетус како прави фацијални експресии кои изгледаат како плачење на ултразвукот. Откако истражувачите му дале на фетусот вибрација и стимулација со врева, тој ја отвора вилицата целосно, ја стеснува брадата и испушта три големи воздишки по ред, додека градите му се креваат, а главата му се наведнува наназад, завршувајќи со треперење на брадата. Ова движење е видено кај 10 фетуси (околу 6 проценти од целосниот број на снимени бебиња).

Па, дали фетусот плачел во утробата? Зависи како го дефинирате плачењето. „Ако ја користите дефиницијата – гласно неартикулирано викање или врескање кое изразува моќно чувство или емоција – тогаш може да се каже дека бебињата не плачат во утробата“, вели Надја Реисленд, развоен психолог од Универзитетот „Дурхам“ во Велика Британија. Ако се гледа на поинаков начин, во амнионската течност фетусите не можат да земат длабок здив, да ги исполнат белите дробови и воздухот да вибрира преку вокалните жици за да почнат да плачат – тоа треба да почека сѐ до првата посета на надворешниот свет.

Тимот на Реисланд го анализирал развојот на фацијалните експресии во матката преку гледање на движењата на фетусите во второто и третото тримесечје преку 4Д ултразвучни слики – 3Д филмови од феталните акции. Овие фацијални експресии, вклучително и тоа кое може да се смета за плачење и она за смеење, Реисланд и тимот ги дефинирале во извештај објавен во 2011 година – како прекурзори на фацијалните експресии користени надвор од матката. Овие прелиминарни експресии се развиваат од 24 до 35 недела, а нивната комплексност се зголемува со гестациската возраст. Овие движења се премногу суптилни за да ги почувствува трудницата, смета Реисланд. Но, фетусот изгледа дека ги вежба барем фацијалните движења за плачење пред раѓање, подготвувајќи се да биде функционален кога ќе го земе првиот здив и ќе излезе од утробата на мајката.

Дали им вибрираат гласните жици и се обидуваат да направат звуци во утробата, не може да се знае. Дури и кога успеваат да креираат звучен бран во течноста, тој не е доволно силен за да патува преку амнионската течност и структурата на мајката. Исто така, не се знае дали движењата што личат на плачење се на некаков начин поврзани со болка или непријатност кај фетусот. Во студиите на Реисланд, фетусите ги покажуваат овие движења без никаква стимулација.

(Reissland et al., PLOS One, 2011)

Фацијалните експресии играат важна улога во постнаталното поврзување и комуникацијата помеѓу родителот и детето, вели Реисланд. Овие фацијални движења може да бидат некакво пробно зајакнување на фацијалните мускули – таа практика во утробата може да му помогне на бебето да се поврзува со другите откако ќе се роди. Целта на Реисланд во изучувањето на овие фацијални експресии е да им помогне на истражувачите да развијат корисна алатка за идентификување развојни аномалии и други здравствени проблеми во утробата. Фетусот со развоен или здравствен проблем може да не ги покажува овие фацијални експресии во исто време како здрав фетус. Развојот на целосните фацијални експресии се учи по раѓањето во социјален контекст преку интеракција со други луѓе, вели Реисланд.

Бебињата не почнуваат да се смеат во интеракција сѐ до 8 недели возраст, а тие скапоцени бебешки кикотења се појавуваат во период од 4 до 6 месеци, но нивните лица ги развиваат овие способности недели пред раѓањето.

Фетусите не произведуваат солзи, исто така, бидејќи плачењето со солзи вообичаено започнува околу 4 недели по раѓањето, откако процесот на создавање солзи не е доволно развиен.

Автор: Џенифер Велш

Извор



912

X