Иако секој родител му дава на своето дете најмногу што може, секогаш постои дилема дали требало да биде така, дали требало да биде поинаку… И секој родител сака неговото дете да биде безбедно и безгрижно. Во желбата да ги заштитат своите деца, родителите често ги учат дека светот во кој живеат е опасно место, мислејќи дека тоа ќе ги направи повнимателни.

Меѓутоа, неколку студии го покажале токму спротивното – дека луѓето кои веруваат дека светот е безбедно место имаат подобро ментално здравје и се поуспешни од оние што веруваат дека овој свет е опасен. Децата можат да веруваат дека луѓето се добри и да живеат во пријателска средина, а сепак да се заштитат од она што не е добро кога е потребно.

Клифтон и Мајндл од Универзитетот во Пенсилванија, од одделот за психологија, заклучиле дека луѓето кои ги гледаат другите луѓе и светот како претежно добри и пријателски, имаат 99,7 % поголеми шанси за успех – тие имаат помала веројатност да се соочат со депресија, возрасните се позадоволни од својот живот, а вработените (адвокати, продавачи, полицајци) се попродуктивни.

Предизвикот е да се едуцира детето дека светот е добар, а истовремено да знае како да се заштити кога е потребно, а тоа е можно да се спроведе.

Можно е родител кој има вештини и кој користи техники во своето родителство да го научи своето дете самостојно да донесува паметни одлуки, да гледа на ситуациите од различни агли, да не се плаши да застане зад себе и да поставува граници.

И можете да започнете со тоа доста рано, со малите нешта.

Извор



912

X