Во текот на одгледувањето деца, мајката и таткото добиваат многу совети. Советите и советниците е невозможно да се избегнат.

Има различни совети. Советите треба да умеете да ги искористите, смета д-р Евгениј Комаровски, еден од најславните педијатри на поранешните простори на СССР .

5 совети за советите:

-Прифатете совети не како наредба за извршување, туку како идеја за размислување.

-Секогаш анализирајте го изворот на советување: дали има стручно знаење, лично искуство, потврдени достигнувања.

-Бидете особено внимателни во поглед на советите што им ја поправаат материјалната состојба на советниците.

-Избегнувајте сложени, двосмислени, неразбирливи и збунувачки совети.

-Никој не може да ве натера да постапувате според неговите совети кога се работи за вашето дете – одговорноста е ваша и само ваша, одлуките ги донесувате само вие.

Извор



912

X